Едноставно, брзо и превкусно! За сите гурмани и љубители на јадења со префинет вкус, споделуваме фантастично добар рецепт. Со неколку состојки до сочни кременадли во кремаст сос со лук и пармезан.
Кога ти треба идеја за ручек или вечера, посети ја sezahrana.mk и пронајди ја твојата инспирација. А кога ти треба квалитетно, свежо свинско месо, посети ги месарниците на Агриа или побарај го нивното месо во Тинекс и Рамстор маркетите.

Состојки:
- 2 лажици масло
- 4 кременадли од Агриа
- 1 главица кромид
- 2 – 4 чешниња лук
- 250 мл пилешки бујон
- 150 мл неутрална павлака за готвење
- 50 г рендан пармезан
- Ситно сечкан магдонос.
Подготовка:
- Кременадлите посолете ги и зачинете ги со мелен црн пипер. По желба може да ги маринирате од претходната вечер.
- Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.
- Во поголема тава на оган ставете го маслото да се загрее. Додајте ги кременадлите и пржете ги по 4-5 минути од страна. Извадете ги од тавата.
- Во тавата ставете го кромидот и пропржете го 2-3 минути. Потоа додајте го лукот и продолжете со пржење уште 1 минута.
- Додајте ги пилешкиот бујон, неутралната павлака и пармезанот. Измешајте за да се соединат состојките. Додајте ги кременадлите, намалете ја температурата и оставете ги да крчкаат додека сосот се згусти (околу 10-15) минути. На крај додајте ситно сечкан магдонос и послужете ги со пире по желба. На здравје!
Совет плус:
- Ако сте љубители на лук, може да ставите и 6 чешниња.
Дали знаеш дека…?
Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна? Така се заокружува принципот од „нива до трпеза“ и се добиваа месо со најдобар квалитет. За да ги следиш новостите заследи ги Агриа на Facebook и Instagram.

Може да те интересира: 5 грешки кои треба да ги избегнувате при подготовка на кременадли.
*Рецептот е овозможен од Агриа.
