Има јадења што не се само храна. Има јадења што се спомени. Ова е едно од оние што мириса на детството, на топол дом и на тивките попладниња кога времето како да застанувало пред кујнскиот праг. Печени колбаси со компири во рерна – едноставни, но превкусни!
Сè уште ја паметам онаа голема тава што полека се врти во стариот шпорет на дрва. Пукотот на огнот, мекото крчкање на компирите и мирисот на печени колбаси што се ширеше низ куќата… како да ја повикуваше фамилијата на масата. Токму затоа го подготовив овој рецепт.

Состојки:
- 4 свежи колбаси со праз – Агриа
- 1 кг компири
- 1 лажица мешан зачин
- ½ лажичка црн пипер
- 1 лажичка оригано
- 1 лажица маслиново масло
- 50 мл вода.
Подготовка:
- Излупете ги компирите и исечете ги на средно големи парчиња. Не ги сечете премногу тенко – важно е компирите да останат меки внатре, а благо запечени однадвор.
- Ставете ги во сад и додајте мешан зачин, мелен црн пипер, оригано и маслиново масло. Измешајте ги.
- Ставете ги компирите во тава. Додајте ја водата по рабовите на тавата.
- Тавата ставете ја во загреана рерна на 220°C и печете ги компирите 20 минути.
- Потоа, извадете ја тавата и ставете ги колбасите.
- Печете околу 20 до 25 минути. На половина од времето, превртете ги колбасите и нежно промешајте ги компирите.
- Печените колбаси со компири послужете ги додека се топли. Подготовката можете да ја погледнете во видеото:
Препорака од авторот:
- Топло ви препорачувам да го испробате рецептот во прва прилика. Набавете свежи колбаси од месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес) и почувствувајте го домашниот вкус. Предобри! Во месарниците на Агриа можете да набавите свежо свинско месо од домашно производство, сувомеснати производи и други квалитетни производи за трпезата. Месото од Агриа може да го најдете и во маркетите Тинекс, Рамстор и Кит-Го. Следете ги Агриа на Facebook и Instagram и бидете во тек со сите новости.
- Ова јадење не е модерно. Ниту пак е сложено. Но, има нешто што ниедна гурманска комбинација не може да го купи – вкусот на детството и мирот на домашната кујна.

Ти препорачуваме да ги испробаш рецептите:
- Брз тортиља врап со колбаси и кашкавал – рецепт од кујната на Марија Кочовска.
- Брзи лиснати ролнички со колбаси – од кујната на Марија Кочовска.
Рецептот е овозможен од Агриа.
