Лесно полесно здравје, а брзо и вкусно! Печен помфрит од компири и тиквички, топ мезе плус сос за совршена комбинација! – вели Катерина за рецептот со кој се вклучи во неодамнешниот кулинарски предизвик, во организација на sezahrana.mk и Витаминка.

Мирисот на компир манџа со колбаси секогаш нѐ враќа во детсвото. Затоа споделуваме традиционален рецепт за манџа каква што ни подготвуваа нашите мајки. Ако и вас ве фати носталгија за тие убави времиња, кога низ целиот дом се ширеше убав мирис, набавете си квалитетни намирници и оваа зима стоплете се со домашно подготвена манџа богата со здрави зеленчуци.
Крцкав помфрит со совршена златна боја и текстура директно од вашата рерна! Повеќе не мора да јадите во ресторан, за да уживате во перфектно подготвен помфрит. Сѐ што ви е потребно е да набавите една ќесичка замрзнати компири и да ги следите нашите инструкции. Полесно не може да биде, а крајниот резултат е спектакуларен! За само 20-тина минути на вашата трпеза ќе сервирате крцкав помфрит подготвен во рерна.
Во потрага сте по вкусен рецепт за неделен ручек со вашето семејство или пак ви се најавија гости? – Вие сте на вистинското место. Пробајте го овој рецепт за печено пилешко месо со компири кој го најдовме на блогот на нашата пријателка Лана и пријатно изненадете ги сите. Се подготвува во еден сад за готвење, па ќе заштедите на време за миење.
Новото пакување на инстант пирето од компири на Витаминка, ни беше инспирација за подготовка на нова и поинаква мусака, па неизбежно беше да го споделиме рецептот! Брзата мусака со пире од компири особено ќе им се допадне на понеискусните во кујната, кои сега може да направат вкусен и богат ручек за целото семејство со малку труд.
За сите обожаватели на свежи тестенини имаме нов супер рецепт за домашни њоки од компири и изварка. Се прават прилично брзо и едноставно, со лесно достани намирници кои сите ги имаме дома. Совршено одговараат со доматен или песто сос. Секако, можноста на комбинации е неограничена и на вас останува крајниот избор како ќе ги послужите.
На сите гурмани кои сакаат да уживаат во вкусен домашен ручек, топло им препорачуваме да си направат запечени компири во сос од павлака и крем сирење. Богато јадење кое сигурно ќе ве освои уште на првиот залак. Всушност, кој може да одолее на кремасти компири кои се топат во уста и ги задоволуваат сите сетила?