Традиционално макало од пиперки со компири и сирење

,,Вкусот на јадењата пренесуван со генерации, никогаш не излегува од мода! Такво е и ова макало! – Ако не знаете што вкусно и лесно да си подготвите, пробајте го безвременскиот рецепт за традиционално макало од пиперки со компири! Го правеа моите баби, мајка ми, па и јас. ” – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.

,,Убавото во овој рецепт е што состојките, вкусот, количината, може да ги менувате секој пат во различен сооднос, да изоставите некоја по потреба или вкус и повторно да имате во чинијата нешто многу вкусно. Не одзема многу време и тоа го прави уште подобар. Состојките вообичаено ги имаме сите во домот, па еве како се прави. ” додава Катерина, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

Традиционално макало од пиперки со компири и сирење

Состојки:

  • 15-20 печени и лупени пиперки
  • 3-4 поголеми компири
  • 2-4 чешниња лук или по вкус
  • сол по вкус
  • маслиново масло по потреба.

Подготовка:

  1. Компирите измијте ги, излупете ги и сварете ги. За побрзо варење може да ги исечете на парчиња.
  2. Испечените и излупени пиперки, исечете ги и по желба, а и не мора истолчете ги.
  3. Потоа, компирите испасирајте ги и измешајте ги со претходно припремените пиперки.
  4. Лукот излупете го и ситно исечкајте го или стсвете го во преса за лук.
  5. Зачинете со сол и маслиново масло по вкус, па убаво измешајте.
  6. Наросете сирење, земете топол леб, соберете го семејството и макањето може да започне, на здравје!

Совети плус:

  • Додајте малку магдонос по желба.
  • Не пропуштајте да наросите вкусно сирење, а во оваа прилика го приготвив со кравјо сирење на нашите пријатели од Млекара Тетово.
Традиционално макало од пиперки со компири и сирење

Препорака од авторот:

Ако ви се допадна рецептот, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Појадок од детството! Ајвар со јајца и биено сирење, традиционално и превкусно за 5 минути!

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: