посен чиа пудинг

Најкремастиот посен чоколаден чиа пудинг – од кујната на Марија Кочовска

Ако барате здрав посен десерт кој е богат со растителни влакна, омега-3 масни киселини и природен вкус на какао, овој чоколаден чиа пудинг е вистинскиот избор. 

Здрави енергетски чоколадни бомбици со 5 состојки – од кујната на Марија Кочовска: Најбрзиот десерт без печење

Понекогаш највкусните десерти се токму оние што се подготвуваат за неколку минути. Кога ќе ве фати желба за нешто благо, овие здрави енергетски чоколадни бомбици се совршен избор. Посни, богати со чоколаден вкус, хранливи состојки и природна енергија, тие се идеална ужина за во текот на денот, пред тренинг или како брз десерт по оброкот.

Печени колбаси со компири

Печени колбаси со компири – од кујната на Марија Кочовска

Има јадења што не се само храна. Има јадења што се спомени. Ова е едно од оние што мириса на детството, на топол дом и на тивките попладниња кога времето како да застанувало пред кујнскиот праг. Печени колбаси со компири во рерна – едноставни, но превкусни!

печени лепчиња со лук

Печени лепчиња со лук – едноставни, ароматични и неодоливи

Понекогаш највкусните рецепти се и наједноставните. Печените лепчиња со лук се токму таков пример – крцкави однадвор, а меки одвнатре. Совршени се како прилог, брза ужинка или додаток покрај супи, салати и тестенини.

Печено сирење со бело вино

Печено сирење со бело вино и чери домати – од кујната на Марија Кочовска

Љубовта и добрата храна секогаш одат заедно! А денот на љубовта и виното е совршен повод да забавиме, да зготвиме нешто едноставно, а сепак посебно, и да уживаме во моментите поминати со саканите. Овој рецепт за печено сирење со бело вино и чери домати е токму таква идеја – топол, ароматичен и создаден за споделување.

Интегрални палачинки

Меки интегрални палачинки со цимет

Овие меки и ароматични интегрални палачинки се совршен избор за појадок или слатка ужина. Комбинацијата од интегрално и бело брашно им дава одлична текстура, додека циметот и ванилата додаваат топлина и пријатен мирис.

Мазник со сирење мала

Домашен мазник со сирење – од кујната на Марија Кочовска

Василичарскиот домашен мазник со паричка со генерации е симбол на заедништво и добра среќа во нашиот крај. Тој секогаш го зазема централното место на празничната трпеза, каде што се дели рамноправно меѓу сите присутни. Според народното верување, оној што ќе ја пронајде паричката ќе има здравје, радост и бериќет во текот на целата година.

Посна салата со киноа

Посна салата со киноа, спанаќ и интегрален леб

Во деновите кога сакаме лесен, хранлив и посен оброк, салатите со киноа се совршен избор. Оваа посна салата со киноа е богата со вкусови, бои и текстури. Идеална комбинација од киноа, свеж бејби спанаќ, интегрален леб од 100% цело зрно со чија и киноа и крцкави ореви. 

Посен венец со ајвар

Празничен посен венец со ајвар – од кујната на Марија Кочовска

Празниците се совршен повод трпезата да ја збогатиме со креативни, вкусни и декоративни јадења. Овој посен празничен венец со ајвар е идеален избор – едноставен за подготовка, ароматичен и крцкав, а воедно и совршено вклопен во празничната атмосфера.

Канапеи мала

Медитерански празнични канапеи

Празничната магија започнува на трпезата – со убаво декорирани залчиња, богати вкусови и моменти споделени со најблиските. Но, уживањето не мора да значи отстапување од здравите навики. Токму затоа, овие медитерански празнични канапеи се совршен избор за сите што сакаат да комбинираат вкус, естетика и балансирана исхрана.

Ѕвезди мала слика

Чоколадни медени ѕвезди – од кујната на Марија Кочовска

Постојат колачиња што не се само десерт, туку вистински мал ритуал на уживање – токму такви се овие чоколадни медени ѕвезди. Мирисот на мед, цимет и топено чоколадо ја исполнува кујната уште од првиот чекор и веднаш ја буди онаа топла, празнична магија што ја носат зимските денови. Секое залче има мека, ароматична сладост што потсетува на дома, на украси, свеќи и моментите кога се собира семејството. 

Здрав оброк

Здрав оброк со авокадо, изварка и јајце – рецепт од Марија Кочовска

Подготвувањето балансиран и вкусен оброк не мора да биде комплицирано. Кога ќе забележам нов производ, веднаш ми се доаѓа идеја за рецепт! Го набавив новиот интегрален леб на Жито Лукс – 100% цело зрно со никулци, чија и киноа – и решив да го искомбинирам со авокадо, изварка и јајце за здрав и хранлив оброк кој дава енергија за целиот ден.

Тортиља врап со колбаси

Брз тортиља врап со колбаси и кашкавал – рецепт од кујната на Марија Кочовска

Ако бараш нешто вкусно, брзо и едноставно – овој врап со колбаси ќе ти стане омилена идеја за ручек или вечера! Ова е една од најдобрите брзи идеи кога имаш само десетина минути за оброк. Комбинацијата од растопен кашкавал, свежа марула и домати, заедно со сосот, создава неодолив вкус што ќе го обожава целото семејство.