Посен венец со ајвар

Празничен посен венец со ајвар – од кујната на Марија Кочовска

Празниците се совршен повод трпезата да ја збогатиме со креативни, вкусни и декоративни јадења. Овој посен празничен венец со ајвар е идеален избор – едноставен за подготовка, ароматичен и крцкав, а воедно и совршено вклопен во празничната атмосфера.

Без разлика дали постите или едноставно сакате лесен аперитив, овој рецепт ќе биде вистински хит на вашата трпеза.

Празничен посен венец со ајвар

Состојки:

  • 1 пакување посно готово листово тесто
  • 2 полни лажици ајвар Green Deli
  • 30 г посен кашкавал.

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 220°C.
  2. Извадете го тестото од фрижидер и оставете го 10 минути на собна температура за полесно ракување.
  3. На работната површина ставете хартија за печење и посипете малку брашно. Ставете го тестото и покријте го со уште еден лист хартија за печење. Развлечете го во кора со дебелина од околу 3–4 мм. Пресечете го на половина. 
  4. На едниот дел со лажица рамномерно распоредете 2 полни лажици ајвар по површината на тестото, оставајќи простор од околу 1 см на рабовите.
  5. Ставете го вториот дел од тестото.
  6. Со калап исечете форми по желба (ѕвезди, венчиња или други празнични мотиви).
  7. Наредете ги ѕвезидте во форма на венец на плех обложен со хартија за печење. Врз венецот ставете го ренданиот посен кашкавал. 
  8. Печете во загреана рерна на 220°C околу 15–20 минути, додека не станат златни и крцкави. Извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат 5–10 минути.
  9. Наредете ги на празнична чинија и сервирајте како аперитив или дел од празничната трпеза. Подготовката погледни ја на видеото. Среќни празници!

Дали знаеш дека…

GreenDeli е најнова и најсовремена фабрика за конзервна индустрија во Македонија? Тие произведуваат ајвар, корнишони, печурки, мешани салати, мармалади и уште многу други производи. Ајварот од GreenDeli е подготвен со сончогледово масло, не содржи конзерванси и има автентичен вкус, како домашен.

За да дознаеш повеќе за производите и акциите, заследи ги GreenDeli на:

посен венец со ајвар

Ти се допадна овој рецепт? – Погледни повеќе рецепти и заследиме: 

венец со ајвар

А за оние што постат, имам уште еден супер рецепт – Посна проја со ајвар.

*Рецептот е овозможен од GreenDeli.

Сподели: