Посно и вкусно без масло! Ако бараш едноставен, сочен и миризлив посен десерт, овој колач е вистинскиот избор. Се подготвува брзо, без јајца и млеко, а комбинацијата од кајсии и ореви му дава богат вкус и мека, пријатна текстура.
Овој рецепт е идеален за денови кога немаш многу време, а сакаш домашен десерт што ќе ги воодушеви сите. Идеален за денови на пост на вода.

Состојки:
- 400 г Екстра бело брашно од Жито Лукс
- 1 кесичка прашок за пециво
- 500 мл минерална газирана вода
- 150 г шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 3 полни лажици мармалад од кајсии
- 50 г сечкани ореви.
За декорација:
- 3 полни лажици мармалад од кајсии
- 20 г сечкани ореви.

Подготовка:
- Во длабок сад ставете го пресеаното екстра бело брашно и додајте го прашокот за пециво, па убаво измешајте.
- Во друг сад ставете ја минералната вода, шеќерот, ванилиниот шеќер и мармаладот од кајсии. Мешајте со жица за матење додека состојките не се соединат.
- Постепено додавајте ја сувата смеса во течната, мешајќи постојано додека не добиете хомогена смеса без грутки.
- Додајте ги сечканите ореви и нежно промешајте.
- Смесата префрлете ја во калап со дијаметар од 26 см, обложен со хартија за печење.
- Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 40 минути.
- Веднаш по вадењето од рерна, премачкајте го колачот со мармалад од кајсии и посипете со сечкани ореви.
- Оставете малку да се излади, па исечете на парчиња и послужете. Колачот е подеднакво вкусен и топол и целосно изладен.
- По желба, можете да го наросите со шеќер во прав или да го прелиете со посен чоколаден прелив. Подготовката погледнете ја на видеото:
Совети:
- Наместо ореви, можете да додадете лешници или бадеми.
- Проверете дали е печен со чепкалка – ако излезе сува, колачот е готов.
- Чувајте го покриен за да остане мек и свеж подолго време.
Ти треба посна идеја без масло? Испробај го рецептот:
Рецептот е овозможен од Жито Лукс.
