Посен банана колач

Посен банана леб – колач 

Посно и вкусно! Време е за нов рецепт за посен банана леб и нови изненадувања од Жито Лукс! Продолжи со читање и дознај како може да се засладиш и да освоиш вредни награди. 

А, кој е за парче сочен колач со вкус на банани и ореви, сервирано со омиленото кафе или чај? Ајде да го испробаме рецептот. 

Посен банана леб

Состојки:

  • 2 лажици мелено ленено семе
  • 5 лажици вода
  • 2 големи зрели банани 
  • ⅓ чаша растопен маргарин или кокосово масло
  • ⅔ чаша шеќер
  • ¼ чаша растително млеко (овесно, бадемово или соино)
  • 2 чаши Екстра бело брашно од Жито Лукс
  • 1 мала лажичка сода бикарбона
  • Прстофат сол
  • ¾ чаши сечкани ореви или посно чоколадо.
Состојки за посен банана леб

Подготовка:

  1. Пуштете ја рерната да се загрева на температура од 180 степени. Правоаголниот калап (23 см * 13 см) за колачот намрсете го или обложете го со хартија за печење. 
  2. Во мал сад измешајте ги меленото ленено семе и водата. Оставете ги неколку минути за да се згусти смесата. 
  3. Во голем сад за матење ставете ги бананите исечкани на коцки и испасирајте ги со виљушка. Во садот додајте го маргаринот. Измешајте. 
  4. Додајте ги шеќерот, растителното млеко и лененото семе. Измешајте со голема лажица. 
  5. Брашното просејте го и додајте го во садот. Додајте ги содата и солта. Кратко измешајте со шпатула за да се соединат состојките. Додајте оревите. Измешајте и ставете ја смесата во калапот. Печете го колачот за време од 50 – 60 минути. 
  6. Оставете го колачот да се излади кратко, а потоа префрлете го врз кујнска решетка. Оставете го да се излади 30 минути, пред да го сервирате.На здравје!

Совети плус:

  • Смесата со мелено ленено семе е задолжителна, затоа што служи како замена за јајце. 
  • Во банана лебот може да додадете ¼ мала лажичка морско оревче или цимет по вкус. 

Дали знаеш дека?

Започна ГОЛЕМАТА наградна игра „Нашите брашна ве радуваат и наградуваат“! 

Купи најмалку 1 кг од твоето омилено брашно, гриз или палента на Жито Лукс (или направи комбинација), испрати СМС порака на 149449 со број на фискалната сметка, датум и време на купување, и играј за:

  • Семејна авантура во забавниот парк Порт Авентура – Барселона!
  • Голем број други атрактивни награди!
  • Колку повеќе СМС пораки, толку поголеми шанси за победа!
Наградна игра брашно

Повеќе информации на следниот линк: https://zitoluks.com.mk/golema-nagradna-igra-nashite-brashna-ve-raduvaat-i-nagraduvaat/

Подароци плус!

Купи 2кг Екстра бело брашно и добиј ПОДАРОК 500 гр палента! ​Совршен избор за сите кои сакаат да ја разбудат магијата за празниците во својата кујна. ​
Посети го најблискиот маркет и земи го твојот празничен сет. ​Овој празничен сет влегува во големата наградна игра.​

Празничен сет брашно

Може да те интересира: Чоколадна торта со вишни – од кујната на Марија Кочовска.

*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.

Сподели: