Здрави енергетски чоколадни бомбици со 5 состојки – од кујната на Марија Кочовска: Најбрзиот десерт без печење

Понекогаш највкусните десерти се токму оние што се подготвуваат за неколку минути. Кога ќе ве фати желба за нешто благо, овие здрави енергетски чоколадни бомбици се совршен избор. Посни, богати со чоколаден вкус, хранливи состојки и природна енергија, тие се идеална ужина за во текот на денот, пред тренинг или како брз десерт по оброкот.

Најдобриот дел? Се подготвуваат без печење, од само 5 основни состојки и се готови за десетина минути.

Здрави чоколадни бомбици со путер од кикирики од кујната на Марија Кочовска

Зошто ќе го засакате овој рецепт?

Полни со хранливи материи

Овесните снегулки се одличен извор на влакна и сложени јаглехидрати, што значи дека ќе ви обезбедат подолготрајно чувство на ситост и стабилна енергија.

Здрави масти и протеини

Кремот од кикирики (нашиот избор е органскиот dmBio) дава богат и кремаст вкус, а воедно обезбедува здрави масти и протеини кои помагаат подолго да останете сити.

Брзина и едноставност

Нема потреба од рерна и нема комплицирани кулинарски техники. Потребни ви се само еден сад и неколку минути за подготовка.

Состојки:

  • 100 г темно чоколадо
  • 2 лажици крем од кикирики dmBio
  • 2 лажици мед (или јаворов сируп за веганска варијанта)
  • 50 г мелени овесни снегулки
  • 50 г мелени ореви

За чоколадирање:

  • 100 г темно чоколадо
  • малку мелени ореви за декорација
cokoladni zdravi bombici so krem od kikiriki

Подготовка:

  1. Во подлабок сад растопете ги 100-те грама темно чоколадо заедно со кремот од кикирики dmBio на пареа или во микробранова печка на ниска температура, мешајќи повремено.
  2. Кога ќе добиете мазна и сјајна смеса, тргнете ја од оган и додајте го медот. Измешајте убаво.
  3. Додајте ги мелените овесни снегулки и оревите, па мешајте додека не добиете густа и компактна смеса погодна за обликување.
  4. Со помош на лажичка земајте еднакви количини од смесата и со дланките формирајте мали бомбици. Редете ги на чинија обложена со хартија за печење.
  5. Доколку сакате дополнителен чоколаден слој, растопете ги преостанатите 100 грама темно чоколадо и натопете ја секоја бомбица во него или прелијте ги одозгора.
  6. Декорирајте со малку мелени ореви и оставете ги во фрижидер 20-30 минути за да се стегнат. Подготовката погледнете ја на видеото. На здравје!

Совет плус за складирање:

Чувајте ги бомбиците во добро затворен сад во фрижидер. Така можат да останат свежи неколку денови, иако најчесто исчезнуваат многу побрзо. Благодарение на овесот, јаткастите плодови и кремот од кикирики, тие се одличен извор на енергија пред или по физичка активност.

Дали го испробавте рецептот? Споделете ги вашите впечатоци во коментарите и кажете ни дали успеавте да им одолеете на овие чоколадни задоволства!

За уште повеќе идеи, сезонски рецепти и кулинарска инспирација, можете да ме следите и на моите профили на социјалните мрежи:

Можеби ќе ве интересира: Посна оброк салата со фалафел – од кујната на Марија Кочовска.

*Рецептот е овозможен од dm Makedonija.

Сподели: