Мазник со сирење мала

Домашен мазник со сирење – од кујната на Марија Кочовска

Василичарскиот домашен мазник со паричка со генерации е симбол на заедништво и добра среќа во нашиот крај. Тој секогаш го зазема централното место на празничната трпеза, каде што се дели рамноправно меѓу сите присутни. Според народното верување, оној што ќе ја пронајде паричката ќе има здравје, радост и бериќет во текот на целата година.

Во пресрет на Василица, го споделувам мојот испробан рецепт за тегнет мазник со сирење – крцкав однадвор, а мек и сочен одвнатре.

Мазник со сирење со автор

Состојки:

Мазник со брашно

Подготовка:

  1. Брашното пресејте го во сад за месење. Додајте сол, масло и постепено додавајте млака вода, па замесете меко тесто.
  2. Тестото поделете го на 3 дела и оформете топчиња. Со помош на сукало развлечете мали кори, премачкајте ги со масло и оставете ги во намрсен плех, покриени со најлонска фолија, да одморат околу 20 минути.
  3. На чаршав истегнете тенка кора, отстранете ги подебелите краеви, попрскајте со масло и нанесете сирење. Со помош на чаршавот свиткајте ролна. Првата кора оформете ја во спирала и ставете ја во намрсена тава (бр. 26).
  4. Постапката повторете ја со сите кори, редејќи ги во продолжение на претходната. На крај попрскајте со масло и печете на 250°C околу 20–25 минути.
  5. Печениот мазник покријте го со крпа, оставете кратко да се излади, исечете и послужете. Подготовката погледнете ја на видеото. На здравје!

Купи брашно и учествувај во наградната игра! 

Купи најмалку 1 кг Жито Лукс брашно, палента или гриз (или комбинација од овие производи) и учествувај во извлекувањата за вкупно 225 награди! 

Како да учествуваш?​

  1. Купи најмалку 1 кг Жито Лукс брашно, палента или гриз​
  2. Испрати СМС порака на бројот 149449 со: бројот на фискалната сметка, датумот и времето на купување​

Пример: #0258 01.12 15:25​

Задолжително чувајте ја фискалната сметка!​

Неделни награди (8 извлекувања):​

  • 5 × апарат за пица ARIETE​
  • 1 × миксер со сад BEKO​
  • 22 × пакет-производи Жито Лукс​

Главна награда (30.01.2026):​

1 ваучер за семејно патување во забавниот парк Gardaland, Италија.​

Наградната игра трае од 01.12.2025 до 29.01.2026 година. 

Наградна игра Жито Лукс

Дознајте повеќе: https://zitoluks.com.mk/denes-e-denot-za-avantura/

Среќно! 

Може да те интересира: Интегрални мафини со маслинки – од кујната на Марија Кочовска.

*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.

Сподели: