ајвар со јајца и биено сирење 1

Појадок од детството! Ајвар со јајца и биено сирење, традиционално и превкусно за 5 минути!

Овој рецепт не е и некоја новина, но е нешто кое што ќе ги стопли срцата на голем број од нас! Потсетува на топли утра во ладните зими, на мајчинската грижа за брзо да постави јадење на трпезата за своите гладни  деца. Во нашето маало, ова беше еден од обожаваните оброци, па сеќавањата на безброј моменти полни со мали радости, ме поттикна да ве потсетам сите вас на превкусниот ајвар со јајца и прилог од биено сирење и топол леб, а често пати го комбиниравме и со бело тврдо сирење. – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.

Сите можеме да издвоиме 5 минути и воопшто не е тешко, секој од нас може да го приготви, па ќе ви кажам на кратко како го приготвувам јас.- додава Катерина, која стои позади инстаграм профилот @katerina.shambevska. 

ајвар со јајца и биено сирење 2

Состојки:

  • 4 полни лажици ајвар
  • 4 јајца
  • малку масло по потреба (најмногу зависи од тавата што ја користите)
  • Шарпланинско биено сирење за прилог
  • леб по избор.

*количината на состојките може да варира, зависно од тоа за колку лица сакате да подготвите оброк. 

Подготовка:

  1. Во нелеплива тава на оган ставете го ајварот да се загрее. Ако сакате да користите друг тип на тава или така имате навика да јадете, додајте малку масло во тавата. 
  2. Повремено промешувајте.
  3. Јајцата скршете ги и лесно промешајте ги со вилушка, а потоа додајте ги во тавата со ајварот. За најдобра текстура на јајцата, препорачувам средно висока температура, но не максимално висока.
  4. Со бавно промешување пржете неколку минути и тоа е тоа. Сечете си парче традиционално биено сирење и уживајте. На здравје! 

Предлог плус:

  • Јас обожавам да правам домашен леб и најмногу ви препорачувам така. Имам неколку мои и омилени рецепти, но за тоа рецепт и подготовка во друга прилика. А сега, со оглед на тоа што во денешните услови на живот, сите некако сме во брзање и има избор на различни лебови кои може да ги купиме, изборот нека остане на вас. 
ајвар со јајца и биено сирење 3

Сакаш испробани рецепти и лесни идеи? – Разгледај и заследи ме:

Предлог вкусни рецепти со сирење од авторот: Јадење за 5 минути – тостирана тортилја со биено сирење и Мусака со спанаќ и сирење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: