мусака со спанаќ и сирење

Мусака со спанаќ и сирење

„Потребни ви се неколку состојки кои скоро секогаш ги имаме дома. Едноставно и со лесна подготовка, ќе имате ново јадење на трпезата, кое и тоа како ќе ви ја разбие секојдневната рутина! Ви предлагам да го пробате мојот најнов рецепт – мусака со спанаќ и сирење! Свежа и со удобен вкус, и за сетилата и за стомакот, ќе ве освои при првиот залак!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим, која ja направи оваа прекрасна мусака.

Како обожавател на млечните вкусови Катерина вели дека испроба неколку од производите на пријателите од Млекара Тетово: „Уживам кога создавам нови вкусови во кујната, а уште повеќе кога ќе видам колку многу им се допаднала мојата нова идеја на домашните. Инспирацијата за оваа мусака со спанаќ и сирење, ја добив од пријатните сеќавања на едно патување и неизбежно беше да ја реализирам, па еве како да си ја направите и вие дома. Неизмерно уживање во млечни вкусови! Од предложените состојки јас направив 2 порции, а вие слободно умножете ја дозата по потреба.“

мусака со спанаќ и сирење

Состојки:

  • 350 г компири

За фил:

За одозгора:

мусака со спанаќ и сирење

Подготовка:

  1. Компирите измијте ги, излупете ги и исечете ги на потенки кругови.
  2. Спанаќот измијте го, исечкајте го и ставете го во тава 2-3 минути за да дехидрира, па додајте го маслото и на коцки сечканиот кромид. Кратко запржете ги и зачинете со сол и црн пипер.
  3. Во садот за готвење или тавата почнете со редење на кругови од компири, покријте го цело дно, па започнете со редење на состојките за фил. Додавањето на филот треба да е по половина ако е во 2 мали садови, или цел наеднаш, ако е во голем сад, а и во двата случаи, филот се става во еден слој и да е покриена целата површина со секоја состојка.
  4. Прво ставете од спанаќот со кромид, па додајте од ронетото Кораб кравјо сирење и налејте рамномерно од јогуртот, така што треба да си оставите малку за да ставите на горниот слој компири.
  5. Наредете го и вториот слој кругови од компири, па распределете го јогуртот кој претходно го тргнавте настрана.
  6. Печете во загреана рерна на 200 степени 1 час и 15 минути, а потоа извадете ги садовите или тавата од рерна и додајте го ренданиот Кораб кравји кашкавал одозгора. Декорирајте со црн пипер во количина по желба и според вашиот вкус, па печете уште 15-20 минути додека кашкавалот добие убава златна боја. На здравје!

Совети плус:

  • За љубители на покалорични јадења, препорачувам, пред печење, заедно со кашкавалот да додадете и јајце.
  • Печењето на мусаката може да биде и во голема тава, тоа не влијае на вкусот.
мусака со спанаќ и сирење

Препорака од авторот:

На крај, ако ви се допадна мојот рецепт и љубовта со која ја припремам и прикажувам храната, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецепт и фотографии:Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Кинеска салата со ориз.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: