Обожавам печурки и ги приготвувам на различни начини, полнети, пржени, чорба… Одамна немам приготвено полнети шампињони, а овој пат се одлучив за вегетаријанска, полесна верзија. Вкусната комбинација шампињони со спанаќ е полн погодок!
Превкусни се! Брзо се приготвуваат, а се идеални како додаток на ручекот, вечерата или мезе.

Состојки:
- 6 големи шампињони (350 г)
- 1 чаша спанаќ
- 2 полни лажици павлака (крем Natura) од Млекара Тетово
- 50 грама кашкавал
- сол по вкус.

Подготовка:
- Печурките ги миеме и им ги отстрануваме дршките.
- Дршките и спанаќот ситно ги сечкаме.
- Кашкавалот го рендаме.
- Во длабок сад ги ставаме ситно сечканите дршки од печурки, спанаќот и павлаката. Ги мешаме состојките со лажица за да се соединат и додаваме сол.
- Печурките ги редиме во тава обложена со хартија за печење.
- Потоа, со помош на мала лажица ги полниме со приготвениот фил. Врз секоја печурка ставаме рендан кашкавал.
- Ги ставаме да се печат во рерна на 220 степени за време од 10-15 минути. Превкусни се, на здравје!

Препорака од авторот:
Разгледај повеќе рецепти, како и подготовката преку видео на моите профили на социјалните мрежи и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Може да те интересира: Брза гибаница – од кујната на Марија Кочовска.
*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.
