Она што е хит на интернет и што е вкусно, мора да се испроба! А таков е и овој рецепт. Станува збор за малку поразлична мусака од свежа зелка. Извонредно вкусна комбинација која вреди да се проба.
„Ако насловот ве натера да се запрашате дали има компир во оваа мусака, да ви одговорам одма, да има! Но, идејата овој пат, ми беше да испробам сосем нов вкус и да ви кажам воопшто не се каам, излезе толку добро, што одлучив да ја споделам и со сите вас. Мојот најнов рецепт за главно јадење е мусака со модар патлиџан и домат, а како ,,јаготка на шлагот” додадов и малку кашкавал на крајот од печењето. Што да ви кажам, вкусен рај за сетилата!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
„Потребни ви се неколку состојки кои скоро секогаш ги имаме дома. Едноставно и со лесна подготовка, ќе имате ново јадење на трпезата, кое и тоа како ќе ви ја разбие секојдневната рутина! Ви предлагам да го пробате мојот најнов рецепт – мусака со спанаќ и сирење! Свежа и со удобен вкус, и за сетилата и за стомакот, ќе ве освои при првиот залак!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим, која ja направи оваа прекрасна мусака.
Секој си има свој рецепт за мусака која е едно од омилените јадења во Македонија. Најчесто се прави со компири и мелено месо, а може да се најдат и варијанти со модар патлиџан или тиквички. Но, онаа традиционалната, таа ни е најубава и највкусна, омилена! Топла и сочна за убави моменти на трпезата заедно со семејството!
Новото пакување на инстант пирето од компири на Витаминка, ни беше инспирација за подготовка на нова и поинаква мусака, па неизбежно беше да го споделиме рецептот! Брзата мусака со пире од компири особено ќе им се допадне на понеискусните во кујната, кои сега може да направат вкусен и богат ручек за целото семејство со малку труд.
Летна, сочна и вкусна, баш како што му доликува на топлото време! Мусаката е традиционално проверено јадење кое сите го обожаваме, па може да се каже и без исклучок. А овој, пат, ви предлагаме да ја пробате со мали измени и во подобрена летна верзија. Време е за мусака од тиквички со мелено месо во сос!
Пробајте го нашиот малку поинаков и несекојдневен рецепт за мусака од пире! Одлична е во вкусот, а не се подготвува тешко. Вака припремената мусака со пире може да ја послужите со мешана салата од зелка, рендан морков и цвекло, зачинети со маслиново масло и јаболкова киселина. Супер е за целото семејство!