Летна мусака со тиквички – од кујната на Марија Кочовска

Летно, лесно и вкусно јадење! Сите сме во потрага по летни рецепти кои се приготвуваат едноставно, а ќе внесат нови вкусови на трпезата. За прв пат ја направив оваа летна мусака, а бидејќи многу ни се допадна, рецептот го запишав и го споделувам со сите. 

Подготовката е слична како и традиционалната мусака со компири. Но, тиквичките и даваат свежина, што ја прави идеална за летниот период. 

Мусака од тиквички

Состојки:

  • 2-4 тиквички
  • 500 г мелено месо од Агриа 
  • 1 мала главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица масло
  • 1 чаша (200 мл) ориз
  • 1,5 чаша вода 
  • 1 лажица црвена пипер,
  • 1 лажица мешан зачин
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • 4-5 јајца
  • Кашкавал по желба.

Подготовка:

  1. Тиквичките се лупат и се сечкаат на слаби кругови. Кромидот и лукот ситно се сечкаат.
  2. Во тава на оган се става маслото за да се загрее. Се додава кромидот и се пропржува 3-4 минути. Потоа се додава лукот и се пржи уште 1 минута. Во тавата се додава меленото месо и се пропржува 3-4 минути. Тавата се трга од оган. Се додава оризот и се зачинува со 1 лажица мешан зачин, сол и мелен црн пипер. Смесата за филот се меша. 
  3. Круговите тиквички се редат во тавата (големина 28). Може да користите и помали керамички садови. Врз нив се додава смесата за филот со меленото месо и оризот. Се рамни и се реди вториот круг тиквички. Се налева 1,5 чаша вода. 
  4. Мусаката се става во загреана рерна на 250 степени да се печи околу 30 минути. 
  5. Кон крајот на печењето, јајцата се матат со виљушка. Тавата извадете ја од рерна и прелијте ја со матените јајца. По желба додајте рендан кашкавал. Вратете ја мусаката и печете уште 10 минути. Оставете ја кратко да се излади, а потоа послужете ја. На здравје!

Препораки за крај:

  • За подготовката ќе ти бидат потребни 2 до 4 тиквички, зависно од големината. Ако се помали ќе ти требаат 3-4 тиквички.
  • Посети ги месарниците на Агриа во Велес, Битола и Штип и набави квалитетно свежо свинско месо од домашно производство. Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна.  Така се заокружува принципот од „нива до трпеза“ и се добиваа најквалитетното македонско свинско месо. А ако во твојот град, нема месарнициа на Агриа, месото може да го пронајдеш и во Тинекс и Рамстор маркетите. 
Мусака од тиквички Агриа
  • Ако ти се допадна овој и сакаш да следиш повеќе рецепти од мене, посети ги моите профили и заследи ме:

Може да те интересира: Брз лахмаџун со тортиљи – од кујната на Марија Кочовска.

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: