Полнети пиперки

Полнети пиперки – од кујната на Марија Кочовска

Секоја домаќинка си има свој, традиционален рецепт за полнети пиперки. А дали знаеш дека полнетите пиперки се јадење кое го обожаваат многу култури низ целиот свет? Од Балканот до Северна Америка, секоја земја има свој уникатен рецепт за ова вкусно јадење. 

Филован багет

Филован багет со мелено месо – вкусни брускети за сечиј вкус

Заедно ги дегустираме и споделуваме најубавите рецепти! Овој пат правиме брзо мезе – филован багет со мелено месо. Комбинацијата на свежи состојки, како што се кромидот, доматот и копарот, го збогатуваат вкусот, а кашкавалот додава кремаста текстура. Предобро! 

Летна мусака со тиквички – од кујната на Марија Кочовска

Летно, лесно и вкусно јадење! Сите сме во потрага по летни рецепти кои се приготвуваат едноставно, а ќе внесат нови вкусови на трпезата. За прв пат ја направив оваа летна мусака, а бидејќи многу ни се допадна, рецептот го запишав и го споделувам со сите. 

Тортиља бургер

Тортиља бургер – од кујната на Марија Кочовска

„Тоа што е хит и актулено мора да се испроба! Во последно време на интернет кружат различни верзии за тортиља бургер кој се прави едноставно. Разгледав повеќе идеи и направив моја веризја на овој тренд. 

Брз сос од мелено месо за тестенини – од кујната на Марија Кочовска

Кога е време за ручек или вечера, сите сме во потрага по брзи и вкусни рецепти. А тие рецепти се оние кои ми се први на листата кога треба нешто вкусно да се прави. Се сетив да направам шпагети од тиквички и ги послужив со овој брз сос од мелено месо. 

Овчарска пита – специјалитет со мелено месо во сос и пире од компири

Го истражуваме светот и ви ги презентираме најдобрите јадења со нашите пријатели Агриа! Овој пат ве водиме во Англија на дегустација на еден специјалитет кој се приготвува со мелено месо и пире од компири. Станува збор за познатата селска, овчарска пита.

Рецепт за домашни ќебапи – од кујната на Марија Кочовска

„Ќебапи или плескавици? Што обожаваш повеќе? – Одамна бев во потрага на различни рецепти за подготовка на домашни ќебапи. А сега го пронајдов најдобриот. Убави се на скара или приготвени во грил тава. Брзо се печат, а од кога го испробав овој рецепт, сега почесто ќе бидат на нашата трпеза. 

ролат од мелено месо

Ролат од мелено месо со сос од кечап и чили

Дали сакаш да испробаш нешто многу вкусно за викенд или за време на празниците кои доаѓаат? – Припремивме ново гастрономско уживање и јадење кој сигурно ќе го запишеш во тетратката со омилени рецепти. Испробај го пикантниот ролат од мелено месо со сос од кечап и чили. 

Сарма од свежа зелка 

Македонската кујна е богата со голем број на традиционални и убави рецепти. Таков е и овој рецепт за сарма од свежа зелка. Нашите баби беа вешти и ја приготвуваа оваа сарма во есенскиот период – во посна и мрсна варијанта, зависно од вкусот. Додека ја чекаме киселата зелка, може да уживаме во вкусот на сармата и со свежа зелка. Постапката за подготовка е малку поразлична, затоа што зелката прво се вари со оцет и вода, а потоа листовите се вадат.

Брзи тако тортилји со мелено месо 1

Од кујната на Катерина: Брзи тако тортилји со мелено месо

„За сите љубители на мексиканската кујна имам совршено вкусен рецепт! Ако немате идеја, брзи тако тортилји со мелено месо се идеален избор за целото семејство! Многу често приготвувам вака и вкусот е уживање!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска  уредник и фудблогер од нашиот тим.