Направете совршено вкусен и брз болоњезе врап! Наместо да купувате готова брза храна, овозможете си нутритивно балансиран оброк кој ќе ве држи сити со часови и полни со енергија!
Меленото месо е едно од најлесните за подготовка и може да се каже дека не постои домаќинство во кое често не се употребува. Токму затоа, во оваа прилика ќе ви го зголемиме кулинарското знаење. Уживајте во вкусните ќофтиња од мелено месо со одличен квалитет, а за тоа ќе ви помогнат овие наши едноставни, но многу корисни совети.
Веруваме дека кој повеќе, кој помалку, сите сме слушнале за превкусниот специјалитет на Турците, познатото пиде! – Но, што корист од тоа, ако не умееме да си го подготвиме нели? – Малку да се насмееме пријатели, а и да се разведриме сите. Во време кога патувањето и дегустирањето на интернационалните вкусни јадења не е баш најлесно, ние имаме предлог. Да си направиме сами дома совршено турско пиде со мелено месо и да уживаме во кругот на семејството!
Секој си има свој рецепт за мусака која е едно од омилените јадења во Македонија. Најчесто се прави со компири и мелено месо, а може да се најдат и варијанти со модар патлиџан или тиквички. Но, онаа традиционалната, таа ни е најубава и највкусна, омилена! Топла и сочна за убави моменти на трпезата заедно со семејството!
Се подготвувате за празниците и во потрага сте по свечени и богати јадења кои се подготвуваат лесно и без комплицирани инструкции? – На вистинското место сте. Сѐ за храна и оваа година ви ги нуди најдобрите празнични рецепти. Подгответе вкусен француски терин со мелено месо и фстаци кој ќе биде вистински украс на празничната трпеза.
Палачинките ни се омилени, без разлика дали се американски или класични, солени или благи. А, денес подготвивме вкусен и лесен рецепт за похувани палачинки со фил од мелено месо. Вака подготвени, тие се совршени за предјадење или за мезење, а може и да ги послужите за појадок со сос од павлака и мајонез.
Малите совети кои прават големи промени во вкусот на јадењата се секогаш добредојдени! Можеби многу пати сте се запрашале зошто месото на скара не е подготвено рамномерно, суво е или има непријатен вкус. Или пак сакате да знаете како да подготвите пилешко месо со крцкава кора? – Прочитајте ги најдобрите кулинарски трикови за подготовка на месо, кои ќе ви помогнат да станете вистински експерт.
Кој може да им одолее на вкусните канелони? – Тестенини полнети со месо, прелиени во сочен сос од домати и потпечени со кашкавал. Звучи мошне примамливо, зар не? – Вкусот ги освојува сите, од најмали до најстари. Доколку и вам ви закркоре стомакот додека го читавте овој краток опис на рецептот, тогаш одвојте малку време и подгответе вкусни канелони со мелено месо во доматен сос.
Вистинско гурманско уживање за сите сладокусци кои обожаваат бурек, домашни пити и печива! Дали сте пробале цигара бурек? Последните месеци е хит на интернет во групите за готвење, а тоа ни беше мотивација да го приготвиме и испробаме овој рецепт. Ретко кој може да одолее на крцкав бурек со богат фил од месо или сирење. Набавете кори и свежо мелено месо, па направете го популарниот турски специјалитет познат како цигара бурек.
Љубител сте на мелено месо и плескавици, но постојано ги подготвувате на ист начин – печени на скара или пржени во тава и веќе ви се здосадиле? – Доколку сакате да експериментирате и да направите нешто поинакво и иновативно во кујна, тогаш погледнете ги овие интересни начини на кои може да подготвите плескавици и ќофтиња. Има за сечиј вкус по нешто, а за вистинските гурмани имаме неодоливо гастрономско уживање.
Дали ви се случило да подготвите мелено месо, а тоа да добие непривлечна сива боја, да биде тегаво или да нема убав вкус? Иако често го користиме за подготовка на мусака, ќофтиња или полнети пиперки, сепак малку знаеме како правилно треба да се приготвува за да добиеме најдобар резултат и вкусно јадење кое ќе ги воодушеви сите. Прочитајте кои се најчестите грешки кои треба да ги избегнувате при подготовка на мелено месо и подобрете ги своите кулинарски вештини.