Празничен терин – ролат со мелено месо и фстаци

Се подготвувате за празниците и во потрага сте по свечени и богати јадења кои се подготвуваат лесно и без комплицирани инструкции? – На вистинското место сте. Сѐ за храна и оваа година ви ги нуди најдобрите празнични рецепти. Подгответе вкусен француски терин со мелено месо и фстаци кој ќе биде вистински украс на празничната трпеза.

Сочното мелено месо во комбинација со крцкавите фстаци и вкусната пршута го прават овој специјалитет совршен избор за празничната трпеза. На вас останува само да си набавите квалитетно мелено месо и да одвоите малку време. А, тоа што овој рецепт се подготвува еден ден порано е уште еден бонус плус за да бидете слободни за време на празниците и без брзање да му се препуштите на уживањето.

свински терин 2

Состојки:

  • 1 кг мелено месо од Агриа (во сооднос 50:50)
  • 250 г (околу 20 парчиња) долги ленти пршута или сланина
  • 1 големо чешне лук
  • 2 лажички ситно сечкана мајчина душица
  • ¼ чаша сечкан свеж босилек
  • 85 г грубо сечкани фстаци
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Калапот за леб (10 * 22 см) обложете го со хартија за печење. Оставете поголема должина од хартијата за да го прекрие теринот од горниот дел.
  2. Потоа наредете 12 – 14 парчиња пршута врз хартијата кои ќе бидат доволно долги да го прекријат теринот.
  3. Во длабок сад ставете го меленото месо и зачинете со ситно сечкан лук, мајчина душица, свеж босилек, сол и црн пипер по вкус. Преостанатите парчиња пршута ситно исечкајте ги и додајте ги во смесата со мелено месо. Фстаците исечкајте ги на крупни парчиња и додајте ги во смесата.
  4. Вака подготвеното мелено месо ставете го врз пршутата во калапот за леб и добро притиснете го за да се распореди рамномерно. Со парчињата пршута прекријте го горниот дел на теринот, а потоа обложете го со хартија за печење.
  5. Калапот ставете го во сад за печење. Садот за печење наполнете го со топла вода во висина до половина од калапот за леб.
  6. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени со вентилатор околу 90 минути.
  7. Откако теринот ќе се испечи, извадете го калапот од садот за печење и потиснете го со тежок сад. Оставете го да се излади на собна температура, па ставете го во фрижидер преку ноќ.
  8. Наредниот ден отстранете ја хартијата за печење и сервирајте го со ливчиња свеж босилек, рузмарин, маслинки и феферони. На здравје!

Наша препорака:

За да го направите највкусниот терин, ви препорачуваме да користите свежо мелено месо од Агриа, во сооднос 50:50. Посетете ги месарниците на Агриа во Битола, Велес или Штип и замолете ги вработените да ви подготват 1 кг мелено мешано месо (500 г свинско и 500 г телешко). Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња, а месото е секогаш свежо и со врвен македонски квалитет кој се должи на принципот од „нива до трпеза.“ Покрај изборот на месо за подготовка на теринот, важно е да користите и свежи зачини за да се постигни посакуваната арома и вкус. Уживајте во празниците и богатата трпеза!

свински терин 3

Ви препорачуваме да прочитате: Канелони со мелено месо во доматен сос.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: