Среќна Нова 2022 година и среќни Божиќни празници! Тимот на sezahrana.mk ви посакува добро здравје и убавини на сите!

Се подготвувате за празниците и во потрага сте по свечени и богати јадења кои се подготвуваат лесно и без комплицирани инструкции? – На вистинското место сте. Сѐ за храна и оваа година ви ги нуди најдобрите празнични рецепти. Подгответе вкусен француски терин со мелено месо и фстаци кој ќе биде вистински украс на празничната трпеза.
Празничната магија може да започне! Време е за украсување на велигденските јајца и празнично декорирање на домот. Но, и за правење на највкусните велигденски колачиња кои оваа година ќе ги красат нашите празнични трпези. Крцкави и меки, едноставно се топат во устата. Топло ви препорачуваме да ги направите и да се засладите со вашите најблиски.
Празничната магија и еуфорија нека биде присутна во сечиј дом! Ни се наближуваат убави празнични моменти, вкусна храна и дружење со најблиските. Секој од нас посакува убава празнична трпеза, а на колачињата најмногу се радуваат децата. А како и секоја година, традиционален дел од секоја трпеза се божиќните колачиња.
Празничната сезона може да биде најубавото време во годината. Богати трпези, украсни светилки и блескави елки на секој чекор. Но, обврските, пазарењето и празничните јадења може да предизвикаат стрес. Добрите вести се дека со неколку мали совети може да го намалите стресот многу полесно од колку што мислите.
Остана уште многу малку време до почетокот на велигденските празници, па време е да си направиме нешто креативно кое на домот ќе му даде празнична магија. Препуштете и се на фантазијата и овој Велигден направете нешто поинакво од секогаш и воодушевете ги вашите најблиски со креативноста. Имаме еден многу интересен предлог за декорација на велигденската трпеза за која ви се потребни само еден балон и макарони, а со чија помош ќе направите прекрасна велигденска кошничка од макарони.
Малите деца особено им се радуваат на празниците, а меѓу нивните омилени празници, секако е Велигден. За да биде празничната радост уште поголема дозволете им на децата да ви се приклучат во украсувањето и декорирањето на Велигденските јајца, корпички и украси. Заедно со малите вредни рачиња може да направите навистина интересни и креативни декорации. Па, денес ќе ви покажеме како да си направите неодоливи велигденски зајачиња од конец за плетење.
За многумина од нас, прославувањето на новогодишните и божиќните празници вклучува дегустација на вкусни јадења и пијалаци во поголема количина. Празничните навики често доведуваат до прејадување, консумација на храна богата со шеќер, алкохол, помалку сон, со што се намалува можноста на организмот за детоксикација. Токму на оваа тема, поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска, која ни даде неколку лесни совети за детоксикација на организмот по празниците.
Најчесто кога се приготвува храната за Новогодишните и Божиќните празници многу ретко се помислува на опасностите кои демнат по здравјето. Бидејќи, ретко кој и да е свесен за опасностите кои се кријат во припремата на празничната храна, ние ќе се обидеме да ве предупредиме за дел од ситуациите кои може да бидат потенцијално опасни по здравјето на вашите гости.
Новогодишите празници се наближуваат, па ни останува уште малку време да завршиме со сите подготовки и декорации за пречекот на најлудата ноќ. Но, често готовите украси се прескапи, па затоа ние имаме една супер идеја за изработка на декоративни ѕвезди од хартија кои нема да ве чинат речиси ништо. Единствено ќе треба да одвоите само малку од вашето време кое нема да биде залудно потрошено, затоа што крајниот резултат е навистина неодолив и прекрасен.
На креативноста и нема крај кога се во прашање новогодишните и божиќните празници. Било да се работи за креативни рецепти за вкусни божиќни колачиња или пак за интересни идеи за украси за елка, можеме да најдеме инспирација на секој чекор. Нас секогаш нѐ фасцинира идејата да направиме од „ништо – нешто“, па затоа денеска ви претставуваме лесен и забавен начин да направите новогодишни светкави ѕвезди кои може да ги искористите како лампиони за елката.