Божиќни колачиња со ванила

Празничната магија и еуфорија нека биде присутна во сечиј дом! Ни се наближуваат убави празнични моменти, вкусна храна и дружење со најблиските. Секој од нас посакува убава празнична трпеза, а на колачињата најмногу се радуваат децата. А како и секоја година, традиционален дел од секоја трпеза се божиќните колачиња. 

Ова е она време од годината кога повеќето домаќинки го минуваат во кујната заедно со своите малечки и приготвуваат слатки колачиња за Дедо Мраз и за гостите. Па кога сме кај нив, ви предлагаме да го пробате рецептот за едноставните, но вкусни божиќни колачиња со ванила. Пригответе се за eдна неодолива забава со вашите најмали, изберете ги омилените калапи и направете нешто слатко за претстојните празници.

божиќни колачи со ванила

Состојки:

Подготовка:

  1. Во длабок сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер од Витаминка.
  2. Во друг сад со помош на миксер изматете ги путерот и шеќерот во прав. Матете додека добиете пенеста смеса, а потоа додајте ги јајцето и екстрактот од бадеми. Смесата добро измешајте ја.
  3. Во садот со изматениот путер додајте ги брашното и печивото. Смесата измешајте ја со шпатула.
  4. Потоа, продолжете со месење со рацете додека добиете хомогено тесто.
  5. Врз набрашнета работна маса, со помош на сукало од тестото развлечете кора со дебелина од 7-10 мм.
  6. Од кората со помош на калапи со празнични мотиви, исечете форми.
  7. Плехот обложете го со хартија за печење.
  8. Формите од тесто наредете ги врз плехот, а потоа замрзнете ги на 5-10 минути.
  9. Тавата ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 175 степени за време од 9-11 минути.
  10. Откако колачињата ќе се испечат оставете ги да се изладат 2-3 минути, па извадете ги од плехот. Колачињата наредете ги врз решеткаста подлога за целосно да се изладат и декорирајте ги по желба. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!

Ви препорачуваме да прочитате: Божиќни колачи од бисквити со тиква.

*Комерцијален текст

Сподели: