„Нека биде празнично и весело! За новогодишната и божиќната трпеза направи меки и сочни ванила мафини. Декорирај ги во празничен стил – снежна топка и нека бидат украс на трпезата.
Едноставни за подготовка, а превкусни! Нека донесат радост и среќа во секој дом.“ – вели Марија.

Состојки:
- 200 гр Екстра бело брашно од Жито Лукс
- 2 лажички прашок за печиво (10 г)
- 1 неполно лажиче сода бикарбона
- 120 гр путер омекнат на собна температура
- 100 гр шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 2 средни јајца
- 150 мл млеко на собна температура
- 1 лажица сок од лимон
- Рендана кора од ½ лимон.
За декорација:
- 1 ќесичка шлаг пена
- 120 мл млеко
- 50 г кокос.

Подготовка:
- Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Во калапот за мафини ставете хартиени кошнички.
- Брашното измешајте го со печивото и содата.
- Путерот ставете го во сад за матење. Додајте ги шеќерот и ванилинот шеќер. Изматете ги додека шеќерот се растопи.
- Во садот со путерот додајте едно јајце и изматете со миксерот 2 до 3 минути. Потоа додајте го и другото јајце и повторно изматете 2 до 3 минути.
- Во садот додајте ги млекото, сокот, кората од лимон и смесата со брашното. Измешајте ги состојките со кујнска шпатула.
- Со помош на готварски шприц смесата распоредете ја во калапите.
- Мафините печете ги во загреаната рерна за време од 20 до 25 минути. Печените мафини извадете ги од рерната и оставете ги комплетно да се изладат.
- Подгответе го шлагот. Во сад за матење ставете ги прашокот и млекото. Изматете со миксер 4 до 5 минути додека кремот се згусти.
- Во чинијата во која ќе ги сервирате мафините ставете кокос. Врз секој мафин ставете од шлагот и декорирајте со новогодишни мотиви. На крај поставете пластична полутопка (од лампион) за да се добие ефект на снежна топка. Подготовката погледни ја видеото. Среќни празници!
Дали знаеш дека?
Во тек е ГОЛЕМАТА наградна игра „Нашите брашна ве радуваат и наградуваат“!
Купи најмалку 1 кг од твоето омилено брашно, гриз или палента на Жито Лукс (или направи комбинација), испрати СМС порака на 149449 со број на фискалната сметка, датум и време на купување, и играј за:
- Семејна авантура во забавниот парк Порт Авентура – Барселона!
- Голем број други атрактивни награди!
- Колку повеќе СМС пораки, толку поголеми шанси за победа!
Повеќе информации на следниот линк: https://zitoluks.com.mk/golema-nagradna-igra-nashite-brashna-ve-raduvaat-i-nagraduvaat/

Подароци плус!
Купи 2кг Екстра бело брашно и добиј ПОДАРОК 500 гр палента! Совршен избор за сите кои сакаат да ја разбудат магијата за празниците во својата кујна.
Посети го најблискиот маркет и земи го твојот празничен сет. Овој празничен сет влегува во големата наградна игра.
Може да те интересира: Посни ванилици со ореви – од кујната на Марија Кочовска.
*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.
