Кремаст, посен ванила десерт со јагоди – од кујната на Марија Кочовска

Превкусен посен ванила десерт во чаша, кој мораш да го направиш во првата прилика! Фантазија од вкусови – кремаста ванила, сочна јагода и меки бисквити за неодоливо уживање! 

Сум правела многу посни десерти, но овој ми е омилен. Пролетен и совршен за велигденските пости. А што е важно, се приготвува во чаша и не постои можност за грешка. Снимив и видео од подготовката кое може да го погледнеш подолу низ текстот.

Посен ванила десерт со јагоди во чаша

Состојки:

Слој од бисвкити:

  • 100 г посни мелени бисквити
  • 60 мл сок од портокал
  • 25 г растопен маргарин.

Слој од ванила:

  • 750 мл оризово млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици гриз од Жито Лукс
  • 1 ќесичка прашок за пудинг од ванила.
Посен ванила десерт во чаша со јагоди

Прелив од јагоди:

  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица вода
  • 250 г јагоди
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 1 лажица густин (нишесте). 

Подготовка:

  1. Во чинија ставете ги мелените бисквити. Додајте ги растопениот маргарин и сок од портокал. Измешајте. Во 6 чаши распоредете ја смесата со бисквитите. 
  2. Во тенџере на оган ставете 500 мл млеко и додајте го шеќерот. Во длабока чинија ставете ги гризот и пудингот. Измешајте ги и додајте 250 мл млеко. 
  3. Штом млекото во тенџерето зоврие, додајте ја смесата со гризот и мешајте 3-4 минути додека се згусти. Оставете го кратко да се излади, а потоа распоредете го во чашите. Оставете кремот да се излади.
  4. Подгответе го преливот. Во тенџере на оган ставете го шеќерот и додајте ја водата. Штом шеќерот се растопи додајте ги јагодите и ванилиниот шеќер. Варете ги околу 5-6 минути. 
  5. На крајот додајте го густинот разматен со малку вода. Варете уште минута до две. Преливот со јагоди додајте го во чашите со ванила кремот. Оставете да се излади и послужете. На здравје!

Препорака плус:

Овој рецепт е дел од колекцијата на брзи рецепти кои ги приготвивме заедно со Жито Лукс. Ви подаруваме книга со рецепти и гриз со секое купување на 2 пакувања Екстра бело брашно. Искористете ја промотивната понуда и уживавајте во празниците!

Празнично дарување Жито Лукс

И за крај, ако ти се допадна овој рецепт и сакаш да погледнеш повеќе посни рецепти, посети ги моите профили и заследи ме:

Може да те интересира: Брзи чоколадни мафини без миксер – од кујната на Марија Кочовска.

*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.

Сподели: