Превкусен посен ванила десерт во чаша, кој мораш да го направиш во првата прилика! Фантазија од вкусови – кремаста ванила, сочна јагода и меки бисквити за неодоливо уживање!
Кога се готви заедно со друштвото е забавно, а моментите се незаборавни! На празнична кулинарска дружба ја поканивме Александара Шијакоска – @aleksandrashijakoska позната инфлуенсерка и нејзината пријателка Кика. За десертот ја задолживме Марија, фудблогер и еден од уредниците во нашиот тим, која вели: „Размислував што да приготвиме, а да биде премногу вкусно и се разбира лесно за подготовка. Инспирирана од Dolcela на Podravka, се одлучив за Double choco десерт со додаток на портокал, Lino Lada Gold и финиш од шлаг пена, преточени во чоколадни кремасти лампиони.“
„Кога се љуби, ништо не е тешко! Со мерак издвојте неколку часа за да подготвите нешто извонредно за сите сетила и да пренесете топла порака „важен/а си ми“! Пробајте го мојот кремаст чоколаден чизкејк во чаша, зашто чоколадото е зачин кој ја негува љубовта и ја потсетува да трае.“ – со љубов раскажува Катерина од нашиот тим.
Ова се највкусните посни колачи во чаша кои сме ги пробале! Марија од нашиот тим по повод кулинарскиот предизвик со Витаминка ја приготви оваа слатка магија. Супер се за славите кои доаѓаат, а штом ги направите веруваме дека и вам ќе ви бидат омилени. Постите нека бидат полесни, со најдобрите испробани рецепти од sezahrana.mk.
Разубавете ја велигденската трпеза со брз десерт во чаша! Нема потреба да изгубите многу часови во кујната за да направите слатко совршенство. А што е уште поважно, секој може да го направи овој брз десерт богат со ванила крем. За да ви ја олесниме подготовката и да ви заштедиме време кое може да го поминете со семејството и пријателите, детално ви напишавме кои производи ги набавивме за подготовка.
Сигурно и вие, барем еднаш во годината сакате да припремите свечена трпеза за роденден, слава, именден или друг повод и да ги поканите најблиските роднини и пријатели. А за сето тоа да изгледа најубаво, потребно ви е малку знаење за правилниот распоред на свечениот прибор за јадење при поставување на масата.