Брз велигденски десерт во чаша со пудинг од ванила

Брз велигденски десерт во чаша со пудинг од ванила

Разубавете ја велигденската трпеза со брз десерт во чаша! Нема потреба да изгубите многу часови во кујната за да направите слатко совршенство. А што е уште поважно, секој може да го направи овој брз десерт богат со ванила крем. За да ви ја олесниме подготовката и да ви заштедиме време кое може да го поминете со семејството и пријателите, детално ви напишавме кои производи ги набавивме за подготовка.

Овој пат наша инспирација беа производите на Витаминка. А за да ја разубавиме трпезата избравме пудинзи и шлаг крем од ванила, со убава жолта боја, како пролетните лалиња. Вкусот го дополнавме со Синтагма бело млечно чоколадо за торти и бел Луна крем, како и крцкавите интегрални Деспина кекси. Вистинско уживање во чаша за убавите празнични мигови!

Брз велигденски десерт во чаша со пудинг од ванила

Состојки:

За декорација:

  • Деспина кекси, бело чоколадо Синтагма и ливчиња нане.

Подготовка:

  1. Во сад на оган, на умерена температура ставаме 400 мл млеко да се вари.
  2. Во друг сад ги ставаме пудинзите од ванила и шеќерот во прав. Ги мешаме со лажица. Во садот, со постојано мешање додаваме 100 млеко.
  3. Штом млекото зоврие, во садот ги додаваме пудинзите. Мешаме додека пудингот се згусти за време од 2-3 минути. Садот го тргаме од оган и го оставаме пудингот да се излади.
  4. Интегралните колачи ги мелеме и ги ставаме во длабок сад. Белото чоколадо го рендаме на ситната страна од рендето и ги додаваме во садот со мелените колачи. Мешаме со лажица. Во садот додаваме бел Луна крем и мешаме повторно.
  5. Шлаг кремот од ванила го ставаме во сад за матење. Во садот додаваме 400 мл млеко. Матиме со миксер за време од 3-5 минути, додека се добие густ крем.
  6. Во садот со шлаг кремот постепено додаваме од изладениот пудинг. Матиме со миксер додека се добие хомогена смеса.
  7. Во друг сад за матење ја ставаме шлаг пената и додаваме 200 мл млеко. Матиме со миксер за време од 3-5 минути додека се добие густа шлаг пена.
  8. Во 6 чаши ставаме по 1 до 2 лажици од мелените колачиња со чоколадото. Врз нив нанесуваме од ванила кремот.
  9. На крај во чашите додаваме од изматената шлаг пена и декорираме со парчиња бело чоколадо, кршени интегрални бисквити и гранчиња нане.
  10. На крај, послужете ладна Цевитана со вкус по ваш избор и дочекајте ги празниците среќни и весели! На здравје!

Препорака од авторот:

Ако ви се допадна рецептот и сакате да го направите, а имате прашања – слободно пишете ми и пратете ми ги вашите фотографии. Ќе ми биде задоволство да ги погледнам фотографиите и споделам на моите профили на Facebook и Instagram. Следете ме на:

Разгледајте дел од мојата галерија на солени и слатки рецепти.

Автор на рецепт: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Автор на фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

*Комерцијален рецепт.

Ви предлагаме да прочитате: Велигденска крем салата со Стоби флипс.

Сподели: