Американски палачинки – брз и лесен рецепт од кујната на Марија Кочовска

Ако барате американски палачинки што се подготвуваат брзо, секогаш успеваат и се неверојатно меки и воздушести, тогаш овој рецепт е вистинскиот избор за вас. Совршени се за појадок, ужина или десерт, а ќе ги обожава целото семејство.

Со dmBio мешавината за палачинки, подготовката е навистина едноставна – потребни ви се само неколку состојки, а за помалку од 10 минути ќе имате вкусни домашни американски палачинки. Послужете ги со овошен намаз, мед, јаворов сируп или свежо овошје и уживајте во секој залак.

Американски палачинки брз рецепт

Состојки:

Подготовка:

  1. Во подлабок сад ставете ја dmBio мешавината за палачинки.
  2. Додајте ги млекото и газираната вода, па измешајте со жица за матење додека добиете мазна смеса без грутки.
  3. Загрејте тавче и премачкајте го со малку путер.
  4. Ставете 2–3 лажици од смесата во тавчето.
  5. Кога на површината ќе почнат да се појавуваат меурчиња, внимателно превртете ја палачинката.
  6. Печете уште околу една минута, додека добие убава златно-кафена боја.
  7. Послужете ги палачинките со dmBio овошен намаз од јагода, шлаг и свежо овошје по желба. Подготовката погледнете ја на видетото:

Совети за совршени американски палачинки:

  • Оставете ја смесата да одмори 3–5 минути пред печење за уште попенести палачинки.
  • Не ја притискајте палачинката со шпатула додека се пече – така ќе остане мека и воздушеста.
  • Печете на средна температура за рамномерно да добие убава златна боја.
  • Послужете ги веднаш додека се топли за најдобар вкус.

Дали знаете?

✔ dmBio мешавината за американски палачинки содржи парчиња темно чоколадо, кои при печењето нежно се топат и им даваат уште побогат вкус.

✔ dmBio овошниот намаз од јагода содржи дури 75% овошје и е засладен со агаве сируп, што му дава природна сладост и богат овошен вкус.

Американски палачинки со dmBio овошен намаз од јагода

Уживајте во овие меки и вкусни американски палачинки и споделете го рецептот со вашите најблиски!

Доколку го испробате рецептот, споделете фотографија на социјалните мрежи и означете ме – со задоволство ќе ги видам вашите вкусни креации.

Можеби ќе ве интересира: Здрави енергетски чоколадни бомбици со 5 состојки – од кујната на Марија Кочовска: Најбрзиот десерт без печење.

*Рецептот е овозможен од dm Makedonija.

Сподели: