Зошто дрогериите на dm се нашето омилено место за пазарување?

Зошто дрогериите на dm се нашето омилено место за пазарување?

Дали и вам ви се случило да влезете во dm да купите гел за туширање или шампон, а половина час подоцна да излезете со полна кеси производи? Ви звучи познато, нели? Шопингот во дрогериите на dm за многумина од нас е вистинско уживање. Почнувајќи од атмосферата, љубезните вработени, па сѐ до асортиманот кој го нудат овие дрогерии…секогаш можеме да најдеме сѐ што ни треба за нас, нашите најмали, нашиот дом.

dmBio производи здрави навики 1

Моите здрави навики започнуваат во кујната – со dmBio

Во изминатиов период размислувавме за здравјето повеќе од кога било, но и за нашата врска со природата. Многумина од нас ја искористија можноста да се вратат на сопствените приоритети, a еден таков е и грижата за своето здравје преку исхраната. Нашата врска со природата најмногу се рефлектира преку органска храна која ја внесуваме во организмот, поради што дрогериите на dm се вашето место токму за вакви органски производи по супер цени.

веганско крем сирење

Веганско крем сирење

Што велите за веганско крем сирење?! – Имаме нов, посен и многу вкусен рецепт, кој го пронајдовме на Youtube каналот на dm-drogerie markt Makedonija  и веруваме дека ќе ви користи за време на постите. Направено е од органски индиски ореви и зачини за совршен вкус, убавина е!