веганско крем сирење

Веганско крем сирење

Што велите за веганско крем сирење?! – Имаме нов, посен и многу вкусен рецепт, кој го пронајдовме на Youtube каналот на dm-drogerie markt Makedonija  и веруваме дека ќе ви користи за време на постите. Направено е од органски индиски ореви и зачини за совршен вкус, убавина е!

Подготовката е едноставна, а може да ја погледнете на следното видео. Рецептот е изработен во соработка со познатиот готвач од Србија, Филип Ќириќ што е доволна мотивација за да го пробате во првата прилика.

Состојки:

За сервирање:

Подготовка:

  1. Индиските ореви ставете ги во длабока чинија и додајте ја ладната вода. Оставете ги да отстојат за време од 30 минути.
  2. Исцедете ги и сочувајте ја водата во која биле потопени.
  3. Индиските ореви ставете ги во блендер и додајте ги мелената пиперка, лукот во прав, квасецот, сокот од лимон, и зачинете по вкус со италијанскиот зачин и морска сол.
  4. Состојките изблендирајте ги со рачен блендер.
  5. Земете еден мал длабок сад и премачкајте го со маслиново масло. Ставете го намазот и убаво израмнете.
    Садот со намазот, покријте го со чинија, превртете го и протресете го. Зачинете по вкус со dmBio италијански зачин.
  6. Ставете ги dmBio крекерите, dmBio грицките и чипсот од леблебија во една чинија. Послужете ги во комбинација со вкусното веганско крем сирење. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Индиски ореви – кремасти јатки кои го ни го чуваат здравјето.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: