кремасти лампиони

Чоколадни кремасти лампиони – брз десерт со Александра Шијакоска

Кога се готви заедно со друштвото е забавно, а моментите се незаборавни! На празнична кулинарска дружба ја поканивме Александара Шијакоска@aleksandrashijakoska позната инфлуенсерка и нејзината пријателка Кика. За десертот ја задолживме Марија, фудблогер и еден од уредниците во нашиот тим, која вели: „Размислував што да приготвиме, а да биде премногу вкусно и се разбира лесно за подготовка. Инспирирана од Dolcela на Podravka, се одлучив за Double choco десерт со додаток на портокал, Lino Lada Gold и финиш од шлаг пена, преточени во чоколадни кремасти лампиони.“

кремасти лампиони

Уживавме во подготовката и дружбата со Александра и нејзината пријателка, па еве ги нивните впечатоци и оцена: „За десертот чиста десетка, сестра ми често го прави со внуците во слична верзија, но не на толку усовршено ниво и така декорирано. Бидејќи може брзо и лесно да се подготови, размислувам да пробам сама да го направам за празниците. Не треба да си многу вешт во кујна и мислам дека ќе се снајдам, па ќе ги изненадам најблиските.“, сподели Александра со нас.

Чоколадни кремасти лампиони - брз десерт со Александра Шијакоска

Состојки:

Подготовка:

  1. Во сад за матење ставете ја содржина од ќесичката за темно чоколадо. Додајте 100 мл слатка павлака и 200 мл млеко. Изматете со миксер 1 минута додека смесата се згусти. Потоа додајте 1 лажица Lino Lada Gold и кратко изматете. Оставете ја смесата да постои 3 минути, а потоа ставете ја во пластични садови во форма на лампион или во чаши.
  2. Подгответе го и посветлиот дел. Во сад за матење ставете ја содржина од ќесичката и додајте 100 мл слатка павлака и 200 мл млеко. Матете со миксер 1-2 минути додека смесата се згусти, а потоа додајте ја кората од портокал и измешајте со лажица. Смесата ставете ја врз темното чоколадо во садовите.
  3. Шлаг пената ставете ја во сад за матење. Додајте 150 мл млеко и изматете 2-3 минути за да добиете цврст шлаг. Шлагот ставете го пластичните садови, а потоа десертот декорирајте го со празнични чоколадни мотиви – елки, снешковци и пакетчиња.
Чоколадни кремасти лампиони - брз десерт со Александра Шијакоска

Направи ја најдобрата празнична трпеза! Погледни ги и испробај ги рецептите кои ги креиравме јас и Катерина за вас:

Автор на рецепт: Кочовска Марија – @kocovska.marija.

Автор на фотографии: @zdravevski.photography.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: