болоњезе врап мала слика

Брз болоњезе врап

Направете совршено вкусен и брз болоњезе врап! Наместо да купувате готова брза храна, овозможете си нутритивно балансиран оброк кој ќе ве држи сити со часови и полни со енергија!

Ако сакате да биде оброк за носење, спаковајте ги состојките одделно и завиткајте ja тортилјата пред јадење. Испробано ми е, со ваквата подготовка ќе уживате потполно во свежината на јадењето, како штотуку направено! – срдечно споделува Катерина од нашиот тим.

Состојки:

*2 лица

За подготовка на месо:

За бел сос:

За салата:

  • ½ чаша црвена зелка
  • 1 чаша покрупно сечкана салатка
  • ½ чаша пченка од Podravka
  • ½ чаша моркови исечени на тенки ленти
  • ½ чаша црвен кромид исечен на полукругови
  • 1 лажица лимонов сок
  • ½ лажиче сол или по вкус
  • ½ лажиче мелен црн бибер од Podravka
  • Опционално: 4 пиперчиња феферони, сечкани или цели.

За сервирање:

  • 4 тортилји
  • по 2 лажици рендан кашкавал за секоја тортилја
  • путер за потпекување на тортилјите.                                    

Подготовка:

  • Во тавче ставете го маслото. Откако ќе се загрее на средна температура, кратко запржете го лукот додека пушти арома. Додајте го меленото месо и пржете го со промешување на истата температура 10-12 минути, за месото да остане сочно. Додајте ја водата, па Vegeta fant ќесичката и убаво мешајте. На крај додајте го чили сосот, измешајте и тргнете ја тавата од ринглата.
  • За белиот сос во сад измешајте ги сите состојки и ставете го во фрижидер. Убаво е да отстои половина до 1 час, за да се соединат вкусовите.
  • Во поголем сад подгответе ја салатата од сите зеленчуци набројани во листата на состојки, а потоа зачинете ја со предложените зачини. Измешајте ја и спремна е.
подготовка на салата
  • За сервирање ви е потребна рамна површина каде ќе ја поставите тортилјата. Прво распоредете во средината од белиот сос, така што ќе оставите барем по 3 см да се слободни за виткањето подоцна. 
  • Потоа, ставете 2 лажици од меленото месо и 2 лажици рендан кашкавал.
  • Ставете од салатата и започнете со виткањето. Фатете ја тортилјата од две страни и со помош на прстите формирајте ролна.
  • Во тавче намрсено со путер, на средно висока температура потпечете ја тортилјата од сите страни. Придржувајте ја со кујнска алатка и лесно притискајте ја за подобар ефект. Повторете ја постапката со останатите тортилји и на здравје!

Совети плус: 

  • Не претерувајте со количината на бел сос, тоа може да ја омекне тортилјата и да ви се кине при виткањето.
  • Кашкавалот е важно да биде поставен помеѓу месото и салатата, за убаво да ги поврзи состојките при печењето.
  • Не претерувајте со вкупната количина на состојки во тортилјата, затоа што може да ви „се отвори“ при печењето во тавчето.

Автор на рецептот: Катерина Шамбевска Спасеновска.

Автор на фотографиите: Симоне Калица.

Ви препорачуваме да прочитате: Брза мексиканска лазања.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: