посен овошен десерт во чаша

Готвиме со Марија Кочовска – Посен овошен десерт во чаша со пудинг

Уште еден фантастичен рецепт од нашата Марија. Без печење до совршен посен овошен десерт во чаша со фантастичен изглед и уште подобар вкус! Јагода, шумско овошје и крцкави бисквити споени во вкусна комбинација.

„Обожавам да правам колачиња во чаша. Толку се коритни, вкусни и тренди! Овој посен десерт го направив за именден, сервирав и во помали чаши, а гостите беа воодушевени. Лесно се подготвува, па секој може да го направи.“ – вели Марија.

посен овошен десерт во чаша

Состојки:

  • 1 пакување посни интегрални кекси
  • 1 лажица мармалад од праска
  • 700 мл вода
  • 4 лажици шеќер
  • 1 прашок за пудинг од јагода
  • 1 прашок за пудинг од шумско овошје
  • 150 мл вода
  • 40 грама посна шлаг пена.

Подготовка:

  1. Во сад на оган ставете 500 мл вода да се вари. Во длабока чинија измешајте ги прашокот за пудинг од шумско овошје, јагода и шеќерот. Во чинијата додајте 200 мл вода и измешајте за да се добие хомогена смеса.
  2. Во врелата вода додајте ја смесата со пудинзите. Варете за време од 2 до 3 минути додека пудингот се згусти. Садот тргнете го од огнот и оставете го пудингот да се излади.
  3. Интегралните кекси измелете ги. Потоа ставете ги во длабока чинија и додајте го мармаладот. Измешајте за да се соединат состојките.
  4. Во сад за матење ставете ја шлаг пената и додајте вода. Матете со миксер за време од 5 минути додека се добие густ шлаг. Шлагот поделете го на два еднакви дела.
  5. Во сад за матење ставете ја едната половина од шлагот и две лажици од пудингот. Изматете со миксер. Постепено додавајте го пудингот и продолжете со матење додека добиете хомоген фил.
  6. Во чаши ставете од мелените кекси со мармалад, потоа ставете од изматената шлаг пена. На крај ставете го овошниот фил. Декорирајте со шлаг пена и овошје по избор. Уживајте!

Препорака од авторот:

Сакаш да разгледаш повеќе посни рецепти? Посети ги моите профили и заследи ме:

Автор на рецепт: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви предлагаме да прочитате: Посни бомбици со кокос и пудинг.

Сподели: