Превкусен посен ванила десерт во чаша, кој мораш да го направиш во првата прилика! Фантазија од вкусови – кремаста ванила, сочна јагода и меки бисквити за неодоливо уживање!
Дали и ти како мене обожаваш вака вкусни колачи да ги пиеш со омиленото кафе? – Ронливи, ароматични, совршени! Ова е вкусот кој ќе ти наврати и тебе топли моменти од детството! Кога и да ги направам овие посни пиварки со гриз, кокос и ореви и ги пробам, чувството е како топла прегратка! – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
„Овој вкусен македонски традиционален десерт се приготвува многу одамна. И не само во Македонија. Раванијата се прави низ целиот Балкан. Ја правеле нашите баби, а јас сакам да ја продолжиме таа традиција и да ја ширим македонската кујна. Затоа, го споделувам овој испробан рецепт за раванија со гриз“ – вели Марија Кочовска од нашиот тим која ја направи раванијата.
Палентата има историја која датира од 1700 година кога ја стекнала својата популарност во Италија, каде што ја сметале за храна на селаните, бидејќи ја имало во изобилство и по ниска цена. Малата содржина на масти, прости шеќери и натриум, ја прават палентата добра основа за здрав оброк кој го обезбедува организамот со енергија.