Брз десерт со гриз и шумско овошје

Едноставно, лесно и вкусно! На Инстаграм блогот на нашата пријателка Наташа пронајдовме одличен рецепт, па го споделуваме со вас. Брз десерт со гриз и шумско овошје, идеален за секоја пригода!

Ако ви се пријаде нешто благо, а не сакате да поминете многу време во кујната, ова е вистинскиот рецепт за вас. Брз десерт со гриз и шумско овошје кој е одличен и во комбинација со вашето омилено кафе. Направете го, поканете ги вашите пријателки на попладневна дружба и почастете се. И не заборавајте да си го запишете рецептот, бидејќи сигурни сме дека ќе сакате да го направите пак.

Може да ве интересира и: Рецепт за турска раванија со гриз и кисело млеко.

Готвиме со Наташа: Брз десерт со гриз и шумско овошје

Состојки:

За една порција:

  • 200 мл бадемово млеко
  • 2 лажици гриз
  • 1 лажица таан
  • 1 лажица мед
  • ванила по вкус.

За декорација:

  • шумско овошје.

Подготовка:

  1. Млекото ставете го во сад на оган да зоврие.
  2. Откако ќе зоврие, намалете ја температурата. Додајте 2 лажици гриз и продолжете со варење уште 5 минути.
  3. Потоа, додајте 1 лажица мед, 1 лажица таан и ванила. Измешајте.
  4. Сервирајте во чаши по избор и декорирајте со шумско овошје. На здравје!

Автор на рецептот: Наташа Мустафа (natasaemil).

Ви предлагаме да прочитате: Овошен тарт без печење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: