празнични десерти 1

7 трикови за полесна подготовка на празнични десерти

Секоја година „заглавувате“ во правењето на десерти? – Оваа година време е за промени! Олеснете си ја подготовката за празниците со помош на нашиве 7 корисни совети. Се надеваме дека триковите ќе ви помогнат во подготовката и ќе уживате во вашите празнични десерти на многу полесен начин.

Подготовката на слатки нешта за Нова Година и Божик кај секој од нас буди посебно, магично чувство. Ама, мора да признаеме дека навистина одзема време и бара труд. Затоа применете неколку трикови, бидете поорганизирани и сѐ ќе тече лесно и брзо. За малку време имајте убави на изглед, а и вкусни празнични десерти.

празнични десерти 2

Состојките мерете ги во различни садови

Користете две различни мерилки, едната за суви, а другата за водени состојки. На тој начин нема да ви останат сувите состојки на мерилката, ако претходно истата сте ја користеле за мерење на вода, млеко и слично. Ако треба да измерите мед или меласа, садот, мерилката или лажицата намачкајте ја со малку масло. Така лепливата состојка полесно и целосно ќе падне од приборот и ќе биде полесно за миење.

Ставете ги јајцата во топла вода

Рецептот бара јајца на соба температура, а заборавивте да ги извадите од фрижидер? – Едноставно ставете ги јајцата во топла вода околу 5 минути, а потоа извадете ги. Проблемот е решен.

Чувајте го путерот на собна температура

Неколку часа, или најдобро, една ноќ пред подготовка на десертот, извадете го путерот или маргаринот од фрижидер. Тоа многу ќе ви ја олесни работата. А, и многу рецепти бараат путер на собна температура.

Печете на хартија

Бисквитите, тортите и колачите секогаш печете ги на мрсна хартија за печење. Со ваквото печење ќе избегнете миење на плеховите после секоја употреба, а и ќе избегнете да ви се залепи десертот.

Замрзнете ги непечени обликуваните колачи

Сакате да ги обликувате колачите, а да ги печите после неколку дена? – Обликуваните колачи наредете ги во поголем плиток сад и замрзнете ги. Откако ќе се замрзнат, ставете ги во најлончиња и вратете ги во замрзнувач. Пред печење нема потреба да ги одмрзнувате.

Украсувајте со ќеси за една употреба

За украсување на десертите, набавете ќеси за една употреба. Тоа ќе ви заштеди многу време кога е во прашање перењето на обичните ќеси.

Користете прехранбена боја во гел

За боење на кремот или шлагот користете прехранбена боја во вид на гел. Гелот не се распаѓа во шлагот и му дава интензивна боја.

Ви препорачуваме да прочитате: Опасности кои се кријат во припремата на празничната храна.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: