Опасности кои се кријат во припремата на празничната храна

Најчесто кога се приготвува храната за Новогодишните и Божиќните празници многу ретко се помислува на опасностите кои демнат по здравјето. Бидејќи, ретко кој и да е свесен за опасностите кои се кријат во припремата на празничната храна, ние ќе се обидеме да ве предупредиме за дел од ситуациите кои може да бидат потенцијално опасни по здравјето на вашите гости.

За време на празниците најчесто повеќето луѓе се опуштаат кога е во прашање бројот на калории кои ги внесуваат. Но, никој никогаш не смее да ја занемари хигиената и безбедноста на храната која се припрема. Дури и најмалите грешки може да доведат до масовно труење со храна. Во продолжение ви откриваме на кои мерки на претпазливост треба да посветите поголемо внимание.

Опасности кои се кријат во припремата на празничната храна

Внимавајте на вкрстена контаминација на храната

Најчесто за празниците станувате порано за да имате време да ги подготвите сите јадења, предјадења и десерти, но тогаш веројатно стануваат и вашите деца и најблиски, па треба во меѓувреме да им припремите и појадок. Кога подготвувате месо секогаш внимавајте рацете, работна површина, даската за сечење и ножевите да не дојдат во контакт со појадокот пред да бидат внимателно измиени. Соковите кои се наоѓаат во суровото месо може да содржат бактерии како што е ешерихија коли, па е многу важно да го држите подалеку од храната која во моментот ја приготвувате. Стручњаците советуваат да користите посебна даска за сечење на месото и рибите. После секоја употреба, даската темелно измијте ја и дезинфицирате ја.

Внимавајте со шведската маса

Ако на вашите празнични забави планирате да послужите „шведска маса“ треба да имате во предвид дека свежо подготвената храна во сезоната на настинки и грип никако не би требало да остане послужена во затворени простории подолго од 2 часа. Тоа време е доволно во храната да се размножат разни бактерии.

Внимавајте кога ги подгревате остатоците од храната

Најчесто за празниците сите подготвуваат повеќе јадења од она што е потребно. Така, често останува многу храна која потоа се јаде со денови. Доколку оваа храна не ја подгревате на правилен начин, може во неа да дојде до развој на многу штетни бактерии. Затоа, секогаш кога ја подгревате храната таа треба да достигне температура од најмалку 73 степени. На тој начин ќе бидете сигурни дека сте ги елиминирале сите бактерии во месото.

Совет плус: Остатоците од празничната вечера никогаш не ги консумирајте подолго од 2 дена, бидејќи после тој период тие повеќе нема да бидат безбедни за јадење.

Ви препорачуваме да прочитате: Совети за умерена исхрана за време на празниците.

Сподели: