Прва помош при настинка

7 препораки за прва помош при настинка

Кога станува збор за настинка и мислиме дека сѐ ни е познато, верувајте, секогаш има нешто ново што може да се прочита, дознае и научи. Овој текст има баш таква намена, да ве потсети и упати на некои едноставни, но навистина корисни препораки за прва помош при настинка. Препорачуваме да прочитате до крај, а ако имате ваши испробани совети радо ќе ве очекуваме да ни ги споделите вашите искуства. 

Наклонетоста кон настинка е поголема во текот на есента и зимата, односно од септември до април. Поголемата зачестеност на настинки во овој период се должи на тоа што луѓето поминуваат повеќе време во затворени простории. А, помалата изложеност на воздух доведува до сушење на носната шуплина, што е погодно за развој и ширење на вируси. Настинката во телото најчесто се пренесува преку носот. Во задниот дел на носот и крајниците, вирусите се размножуваат и врзуваат за рецепторите на слузокожата, навлегуваат во клетките и предизвикуваат воспалителна реакција. Најчестите симптоми на настинка се: кашлица, течење на носот, затнување на носот и болки во грлото. А, дополнителни симптоми кои може да се јават се: болка во мускулите (мијалгија), чувство на умор, главоболка и губење на апетитот.

Прва помош при настинка

Имунитетот е главна одбрана на организмот од вируси, бактерии и други причинители на болести и инфекции кои може да го нарушат здравјето. Кога имунитетот е ослабен, не може да се бори со микроорганизмите кои го напаѓаат и организмот станува подложен на настинки и грип. За да го зајакнете имунитетот јадете разновидна храна, богата со витамини и минерали и внесувајте многу течности. Еве што друго може да ви помогне да ги намалите непријатните симптоми на настинката:

Напиток од млака вода со лимон и мед

Одличен лек против воспалено грло што дури може и да ги замени купечките пастили против болка. Овој напиток со мед го намалува воспалението на грлото и со тоа ја ублажува и болката.

Инхалација

Вдишувањето на пареата од тушот, наведнувањето над тенџере со зовриена вода или пак ставање на загреана крпа на лицето го олеснува дишењето. А топлината на лицето дава убаво чувство доколку имате и проблеми со синусите.

Користете физиолошки спреј или плакнење со солена вода

И двете можат да помогнат за подобрување на состојбата при затнат нос.

Спијте доволно

Потребно е непрекинато спиење од 6 до 8 часа. Така, организмот ќе биде поодморен и ќе може да се заштити од штетните влијанија. При симптоми на кашлица се препорачува спиење со крената глава за да се намали дразбата за кашлање.

Консумирајте топли пијалаци

Топлите пијалаци помагаат во борбата со настинката, како и намалувањето на секретите во градите и синусите.

Грижете се за хигиената

За зајакнување на имунитетот, треба да се обрне внимание рацете да бидат чисти пред подготовка и консумирање на храна.

Земајте додатоци во исхраната за подобар имунитет

За да го зајакнете вашиот имунитет, покрај здравата и балансирана исхрана, добро е да користите и додатоци во исхраната. Се обративме за помош до нашата докторка, Д-р Нела Деспотовска и ги споделуваме нејзините препораки:

  • Quercetin with Bromelain од Now. Кверцетинот е природен чистач на слободните радикали и поддржува здрава сезонска функција на имунолошкиот систем и помaга во одржување на нормалната респираторна функција. Quercetin with Bromelain од Now го поддржува здравјето на дишните патишта во текот на целата година и е вегански производ, без ГМО. Овој додаток е одличен за возрасни. па ави е потребно да го одржите и балансирате имуниот систем, имате топла препорака. Овој додаток може да го нарачате од онлајн продавницата на Тримекс, а доставата е бесплатна.
  • L-OptiZinc®од Now. L-OptiZinc® е форма на комплекс на цинк со аминокиселина метионин. АКо се прашувате зошто го препорачавме, же ви стане јасно, бидејжи придобивки од цинкот се: имунолошка поддршка, поддршка на ензимската функција, антиоксидантни својства, клеточна заштита, здрав вид и нормална когнитивна функција, здрава кожа, коса и нокти. L-OptiZinc® е 1:1 комплекс на цинк и метионин. Цинкот се содржи во сите клетки и е одговорен за над 300 ензимски реакции во организмот. Важен е за апсорпција на витаминот А и одржување на нормално ниво на витамин Е во организмот, за силен имун систем, добра функција на половиот систем кај мажи и жени, простата, потенција и неплодност, стимулира  и штити од алергии и кожни болести како псоријаза.
настинка
  • AlphaSorb-C. Ова е една од најдобрите достапни форми на пазарот. AlphaSorb-C од NOW Foodsе супериорна киселинска форма на витамин Ц и има до 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц.  А, витаминот Ц е познат како антиоксиданс кој може да ги заштити клетките и молекулите на телото од оштетување од слободните радикали. Има големи позитивни ефекти при: настинка, грип, инфекции, алергии, помага во детоксикација, создавање и стабилизирање на колагенот, ги елиминира слободните радикали и ги штити клетките од оксидација.

Предложените додатоци може да ги купите и повеќе да прочитате од онлајн продавницата на Тримекс, или ако ги посетите поголемите аптеки. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 едноставни совети за силен имунитет во зима.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: