Есенски замор

Победи го есенскиот замор! 3 совети од Д-р Нела Деспoтовска за зголемување на енергијата 

Промената на сезоната, пониските температури, небаласираната исхрана, недостигот на витамин Д, се дел од можните причини кои влијаат за појава на есенски замор. Како да го победите и да имате енергија преку целиот ден? – Споделуваме 3 корисни совети од Д-р Нела Деспотовска. 

Замор, мала енергија и ниска мотивација? Дали се соочуваш со овие проблеми? – Наместо да бараш брзо решение со енергетски пијалаци или слатки закуски, примени ги следите совети. Фокусирај се на исхраната и подобри си го здравјето. 

Есенски замор

Зголеми го внесот на железо

Железото е од суштинско значење за производството на црвени крвни зрнца, кои пренесуваат кислород низ вашето тело. Ниските нивоа на железо можат да доведат до чувство на замор и слабост. Ако имаш помал хемоглобин или послабо железо во крвта, примени ги следите совети:

  • Консумирај повеќе месо и морска храна – во исхраната вклучи пилешко месо, говедско месо и риба – туна. 
  • Искористи го железото од растителните извори како што се: спанаќ, ореви, збогатени житарки, грав…
  • Консумирај храна богата со витамин Ц – јагодите, пиперките, цитрусните овошја можат да ја зголемат апсорпцијата на железо. Од додатоците го препорачуваме AlphaSorb-C – кој е најдобар извор на некиселинска форма на витамин Ц. Има 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц. Витаминот Ц придонесува за нормално создавање на колаген и нормално функционирање на крвните садови. 
  • Во исхраната вклучи ја хавајската спирулина – Hawaiian Spirulina.  Спирулината e суперхрана и е најдобар природен извор на биолошко железо и селен. Има 35 пати поголема концентрација на бета каротен од морковот. А содржи и 3 пати повеќе витамин Е отколку пченичните ‘ркулци… Hawaiian Spirulina ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во пакувања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прав. Mоже да нарачаш со бесплатна достава до дома преку vitamini.mk. Клини и прочитај – Зошто да консумирате Hawaiian Spirulina оваа есен?
есенски замор

Зголеми го внесот на витамин Б12

Витаминот Б12 е клучен витамин кој помага храната која се консумира да се претвори во енергија. Покрај тоа, важен е и за здравјето на нервите. Недостатокот на витамин Б12 може да доведе до појава на замор. За да одржиш оптимално ниво на витамин Б12, следи ги препораките:

  • Консумирај риба, месо, живина, јајца и млечни производи. 
  • Во исхраната вклучи намирници кои имаат додаден витамин Б12 како житарици и растително млеко збогатено со витамини. 
  • Користи витамин Б12 како додаток во исхраната. Го препорачуваме Methyl B-12 кој е природна форма на овој витамин, полесно се апсорбира и има поголема биоактивност во споредба со синтетичките форми кои почесто се продаваат низ аптеките. Хранливите извори се речиси исклучиво од животинско потекло (месо и млечни производи), а NOW ® Methyl B-12 е вегетаријански/веган производ (не е од животинско потекло), што може да биде особено важно за строгите вегетаријанци, каде недостатокот на овој витамин е најголем.

Избери сложени јагленохидрати 

Јаглехидратите се главен извор на енергија за телото. Тие се претвораат во глукоза, која служи како „гориво“ за извршување на дневните активности. Важно е да се внимава при изборот на намирниците:

  • Почесто консумирајте овошје, зеленчуци, мешунки и житарици во цело зрно. Овие извори се најдобар избор на хранливи нутриенти. Почесто консумирајте кафеав ориз, грав, леќа и наут, кој се одличен избор на растителни влакна и протеини. 

Останете хидрирани, јадете редовно и имајте балансирани оброци. Тоа ќе ви помогне за повеќе енергија, виталност и добро здравје во есенските денови.  

Препораки:

Повеќе информации за споменатите додатоци прочитајте на веб страницата на vitamini.mk, од каде што може да ги нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Пред да започнете со суплементација, консултирајте се со својот матичен лекар. 

Може да те интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: Спирулина против замор и за висока енергија.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk. 

Сподели: