зошто да консумирате Hawaiian Spirulina 1

Зошто да консумирате Hawaiian Spirulina оваа есен?

Многу пати сме ја споменале спирулината и сме зборувале за нејзината важност. Оваа супер храна има бројни придобивки за здравјето. Добра е за намалување на холестеролот, помага при дијабетес… Ви откриваме уште причини зошто да консумирате Hawaiian Spirulina.

Спирулината е вид на сино зелена алга која расте во морињата и океаните. Богата е со витамини и други важни хранливи состојки. Токму тие нутриенти ја прават спирулината позната ширум светот. Претставува комплетен протеин, што значи дека ги содржи сите есенцијални аминокиселини. Ретко кој знае дека спирулината содржи повеќе бета каротен од морковот. Последните години спирулината станува сѐ попопуларна и поупотребувана.

зошто да консумирате Hawaiian Spirulina 2

Сигурно сте слушнале многу причини зошто се препорачува спирулината, а есенва, нека овие причини ви бидат мотивација да почнете да ја консумирате.

Ја поттикнува детоксикацијата

Спирулината има детоксикациски својства. Го поттикнува елиминирањето на токсини и други штетни материи од крвта. Има силно антивоспалително дејство поради кое е добра за превенција на хронични воспалителни болести. Спирулината претставува одличен извор на антиоксиданси. Антиоксидансите ги уништуваат слободните радикали и ги регенерираат клетките во телото. Помага и во намалување на нивото на стрес хормонот кој го зголемува ризикот од низа болести.

Помага во контрола на апетитот

Спирулината стана особено популарна кај лицата кои се борат со вишок на килограми затоа што дава чувство на ситост, помага во контрола на апетитот и ја намалува желбата за грицки. Особено се препорачува во есенскиот период кога се зголемува апетитот и се консумира повеќе храна отколку во лето, па постои можност за нагло зголемување на килограмите. Една од причините зошто спирулината е добра за слабеење е високиот удел на протеини, витамини и минерали, а не содржи шеќери. Се разбира, за слабеење не е потребна само спирулина, туку и друга здрава и балансирана исхрана, како и физичка активност.

Може да ве интересира: 3 факти кои ја прават Hawaiian Spirulina идеална храна за слабеење.

Спирулината дава енергија

Иако не содржи шеќери, сепак на организмот му дава енергија. Тоа се должи на останатите хранливи компоненти присутни во нејзиниот состав. Спирулината е популарен додаток во исхраната. Често се зема пред тренинг затоа што ја зголемува издржливоста и го отстранува уморот. Одличен извор е на протеини, па се препорачува на оние кои вежбаат интензивно.

Секогаш избирајте го најдоброто за вашето здравје

Кога станува збор за додатоци во исхраната, секогаш избирајте проверен производител и квалитетен производ. Наша препорака е Hawaiian Spirulina од Nutrex. Hawaiian Spirulina е единствена која е атестирана како природно одгледувана и произведена алга. Единствено Hawaiian Spirulina се суши со патентиран метод на океанско ладно сушење, кој комбиниран со ладното компримирање на таблетите без додатоци на масти и без топлинска обработка и стаклената амбалажа, обезбедуваат супериорен производ.

Hawaiian Spirulina е еден од најбогатите и најкомплетни извори на хранливи материи во светот. Моќта на Hawaiian Spirulina не се должи само на бројните поединечни важни супстанци што ги содржи, туку на компатибилноста помеѓу тие супстанции. Тоа значи, заедничка акција на сите природно присутни хранливи материи во Hawaiian Spirulina создава многу помоќен ефект отколку збирот на поединечни компоненти.

Зошто да консумирате Hawaiian Spirulina?

Спирулината се нарекува суперхрана затоа што:

  • е најдобар природен извор на биолошко железо и селен
  • има 35 пати поголема концентрација на бета каротен од морковот
  • има 3 пати повеќе витамин Е отколку пченичните ‘ркулци
  • има 65% лесно сварлив комплетен протеин со сите есенцијални аминокиселини во совршена рамнотежа
  • содржи витамини од групата Б, особено Б-12, Б-1 (тиамин) и Б-3 (ниацин)
  • е најбогат извор на Гама линоленска киселина во природен облик, која ја нема во традиционалната исхрана
  • содржи 10 пати повеќе калциум од млекото
  • нема маснотии.

Достапна е во пакување од 100, 200 и 400 таблети од 500 mg и 142 g прав. Hawaiian Spirulina може да ја нарачате од онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна, а ја има и во повеќето аптеки низ земјава.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Hawaiian Spirulina е кралица на алгите и супер храна за долг живот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: