печено месо во рерна совети

5 совети за сочно и вкусно печено месо во рерна

Божиќните празници доаѓаат, а традиционално кај нас се приготвува печено месо. Најчесто се бираат поголеми парчиња месо кои бавно се печат, за да се добие сочно и вкусно месо. Припремата на печено месо во рерна, на прв поглед може да изгледа како едноставна задача, но постојат одредени правила и трикови, со кои ќе направите совршено печење. 

Што е најважно да го знаеш, а ретко се споменува во рецептите? – Продолжи со читање, во текстот кој следува ти ги откриваме тајните на готвачите. 

совети за печено месо во рерна

Избери квалитетно свежо месо

Што има подобро од свежо месо за печење? – А уште кога е домашно и со најдобар квалитет, вкусот е гарантиран. А дали знаеш дека Агриа секој ден во нивните месарници доставуваат свежо свинско месо од сопствено производство? Го користиме долги години и како задоволни корисници ги препорачуваме. Агриа имаат месарници во Битола, Велес и Штип. А месото од Агриа може да го најдете и во Тинекс и Рамстор маркетите. Кој пробал, знае дека е предобро.

Прочитај ги 3-те совети како да станеш експерт за избор на најдобро свежо месо.

Зошто е важно месото да се маринира?

Штом набави свежо месо, следен чекор е маринирањето. Месото кое планирате да го испечите, посолете неколку часа претходно, а најдобро е преку ноќ. Уште подобро е ако го маринирате со зачини. Како тоа да го направите? Во мал сад измешајте зачини по желба и додајте сол. Оваа сува маринада добро нанесете ја врз парчето месо. Во текот на печењето месото ќе добие крцкава и зачинета кора. Исто може да го засечете месото и да ставите од маринадата. 

Прочитај повеќе на оваа тема – Како правилно да го маринираш свинското месо?

Дали месото треба да се пече покриено или не?

Ајде да погледнеме која е разликата. Доколку месото се пече поклопено со капак, ќе добите месо кое по вкус потсетува на месо печено под сач. А доколку се пече отворено, вкусот ќе потсетува на месо печено на скара. 

Колку време треба месото да се печи?

Одговорот на ова прашање зависи од:

  • Големината на парчето месо
  • Температурата на печење.

По правило, кога станува збор за поголемо и подебело парче месо, потребно е да се пече најмалку 1 час на температура од 200 до 220 степени. Ако печете на пониска температура, треба да го продолжите време на печење. Во спротивно, местото нема да биде добро испечено во средината или околу коските, а ќе биде и жилаво. 

совети за печено месо во рерна

Како месото да остани сочно за време на печењето?

За да ја сочувате сочноста, постојат два начини.

  • Првиот начин е да ја загреете максимално рерната и да го оставите месото да се запече 10 до 20 минути.
  • Вториот начин е претходно целото парче месо да го пропржите кратко од сите страни. На овој начин ќе се затворат порите, а во понатамошното печење, соковите ќе се задржат во парчето месо.

Ти се допаднаа овие совети? –  Разгледај ги 8 совети за подготовка на сочно пржено свинско месо.

*Советите се овозможени од Агриа.

Сподели: