совети за детоксикација

Д-р Нела советува: 5 лесни совети за детоксикација по празниците

За многумина од нас, прославувањето на новогодишните и божиќните празници вклучува дегустација на вкусни јадења и пијалаци во поголема количина. Празничните навики често доведуваат до прејадување, консумација на храна богата со шеќер, алкохол, помалку сон, со што се намалува можноста на организмот за детоксикација. Токму на оваа тема, поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска, која ни даде неколку лесни совети за детоксикација на организмот по празниците.

Таа вели дека советите кои ги предлага се едноставни може да ги направите и доколку не сте во својот дом. Еве што нѐ советува Д-р Нела Деспотовска

совети за детоксикација

Започнете со детоксикација

Повеќето лица за време на празниците консумираат богата храна и алкохол, па време е да започнете со детоксикација и да ги отстраните насобраните токсини. Прв чекор кон детоксикацијата е да го започнете денот со чаша млака вода, во која сте додале лимонов сок. Овој напиток има добри детоксицирачки својства, па вашиот организам ќе ви биде благодарен. 

Во периодот на детоксикација целосно исклучете го алкохолот и значително намалете ја количината на кофеин. Ако не сакате целосно да се откажете од кофеинот, потрудете се вашето кафе да го замените со чаша зелен чај. Зелениот чај изобилува со антиоксиданси, но сепак содржи кофеин, затоа една до две чаши зелен чај на ден ви се сосема доволни.

Исхрана за време на детоксикацијата

На телото дајте му пауза од тешката, богата или преработена храна, вклучувајќи го црвеното месо и производите кои содржат глутен. Намалете ја и количината на млечни производи, но консумирајте јогурт и кисело млеко кои се богати со пробиотици. При подготовката на јајца, изберете рецепти во кои тие се варени или приготвени на пареа. Домашните супи од зеленчук и смутито се одличен оброк за време на детоксикацијата. Добро би било, еден или два дена да го поминете со смути приготвено од блендирано овошје или зеленчук, со додаток на Hawaiian Spirulina во прав, што би претставувало идеален старт во прочистувањето на организмот. Во таа насока ви предлагаме да ги прочитате 10-те докажани причини за да консумирате спирулина. Доколку ова ви изгледа како тешка задача, обидете се појадокот да го замените со смути, вечерата со домашна супа, а за ручек изберете пилешко месо или риба со ориз или друг зеленчук.

Вклучете Hawaiian Spirulina во исхраната

Спирулина е модро-зелена микроалга која се консумирала уште од времето на древните Ацтеки. Таа содржи извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки. Направени се голем број на истражувања во кои е потврдено позитивното дејство на спирулината како супер храна во периодот на детоксикација. Таа поседува алкални својства со што помага во одржувањето на идеалната pH вредност на организмот. Се препорачува да ја консумираат лица кои имаат проблеми со дигестивниот тракт, затоа што ја обновува цревната флора. Покрај тоа, се препорачува кај лица со зголемен холестерол и триглицериди. Вредностите на холестеролот и триглицеридите може да се зголемат како резултат на исхраната и алкохолот за време на празниците. Сите оние кои сакаат да го прочистат своето тело од разни видови загадувања: токсини, тешки метали, алкохол, пушење и зголемена употреба на лекови, може да консумираат Hawaiian Spirulina.

Hawaiian Spirulina ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во паковања со различни големини, од 100 таблети200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прав. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да ги нарачате директно на ваша адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Претходно се советуваме со Д-р Нела на оваа тема, па затоа ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела советува: За кого е наменета спирулината? Кој сè може да ја користи?

Направете пилинг на телото

Освен исхраната, помогнете му на организмот во отстранувањето на токсините со помош на пилинг. Тоа е добар начин да ја зголемите циркулацијата и да го подобрите изгледот на кожата. Најдобро е да користите нежна маска за ексфолијација или пилинг на лицето, на секои два дена во првата недела од детоксикацијата, а потоа еднаш неделно за да не ја оштетите нежната кожа на лицето. За разлика од лицето, пилингот за тело е добро или масирањето на кожата со помош на четка е добро да се прави секој ден.

Вежбајте

Вежбањето и физичката активност се дополнение на секој план за детоксикација. Јогата е одлична за мозокот и телото и вреди да издвоите барем 10 минути на утро и навечер. Тоа ќе ви помогне да останете фокусирани, релаксирани и подобро да се справите со предизвиците за време на детоксикацијата. 

Се надеваме дека ве мотивиравме да започнете со детоксикација на организмот уште денес. Следете ги лесните совети за детоксикација од Д-р Нела Деспотовска и бидете здрави!

Ви предлагаме да прочитате: Spirulina pacifica – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!

Сподели: