спирулина алга

10 докажани причини за да консумирате спирулина

Многумина зборуваат за супер храна, па затоа решивме да ве запознаеме со една од најдобрите храни во светот, сино-зелената алга позната како спирулина. Спирулината е слатководна алга, која е предмет на голем број истражувања. Се одгледува насекаде во светот од Мексико до Африка, па и Хаваи, и е многу барана поради интензивниот вкус, но уште повеќе по моќните нутритивни вредности.

Можеби сте ја забележале во составот на вашите зелени суперхранливи намирници, енергетски плочки и природни додатоци од храна, а придобивките од спирулината се толку значајни, затоа што може да го обнови и ревитализира здравјето. До денес, постојат околу 1200 научни трудови во кои се истражувани здравствените придобивки од консумацијата на спирулина. Ние редовно ја користиме и можеме од лично искуство да ги потврдиме одличните ефекти врз здравјето.

спирулина

Топ 10 докажани придобивки од консумацијата на спирулина

Во последните неколку години, спирулината како супер храна може да се најде во голем број на аптеки и кај нас. Придобивките од консумацијата се големи, па да започнеме со оние за кои постојат сигурни докази од научните истражувања.

Ја помага детоксикацијата на организмот од тешките метали (особено арсен)

Насекаде низ светот, голем број на луѓе имаат хронично труење со арсен, а особено со овој проблем се соочуваат жителите на Далечниот Исток. Една студија која беше спроведена во Бангладеш докажа дека милиони луѓе консумираат високи концентрации на арсен преку водата, а илјадници од нив веќе имаат симптоми од хронично труење со арсен. Истражувачите наведоа дека „не постои специфичен третман“ за трудењето со арсен, па затоа како алтернатива во превенцијата ја користеле сино-зелената алга. Резултатите кои ги добиле од 24 пациенти, по давањето на екстракт од спирулина (250 мг) и цинк (2 мг) два пати дневно ги споредиле со резултати од 17 пациенти со плацебо ефект и утврдиле дека комбинацијата на спирулина со цинк дава одлични можности односно кај 24-те пациенти забележале 47% намалување на концентрацијата на арсен во телото.

Ја елиминира кандидата

Неправилното варење на храната и проблемите со стомакот се директно поврзани со нарушена микрофлора, која понекогаш може да биде предизвикана од кандида. Прекумерниот раст на кандидата во светски рамки, денес се смета и за сериозен знак на голем број автоимуни заболувања.

Конзумирањето на кисела, зачинета и храна богата со шеќери, отпорноста на антимикробните лекови и неефикасните антифунгални лекови допринесоа за значително зголемување на габичните инфекции од 1980 година. За среќа, спирулината може да ви помогне да го решите овој проблем. Таа го подржува растот на корисните бактерии во цревата со што се оневозможува развојот на кандидата. Дополнително, бидејќи го зајакнува имуниот систем, спирулината му помага на телото полесно да ја елиминира кандидата.

Hawaiian Spirulina има широка примена врз нашето здравје:

  • ја подобрува здравствената состојба кај пациенти заболени со ХИВ вирусот
  • помага во превенцијата на канцер
  • го намалува крвниот притисок
  • го намалува нивото на лошиот холестерол и триглицерите
  • ги намалува можностите за срцев удар
  • ја зголемува енергијата
  • го забрзува слабеењето и намалувањето на телесната тежина
  • помага при проблеми со варење на храната
  • го подмладува организмот и го успорува процесот на стареење
  • помага за здрава кожа, сјајна коса и јаки нокти.

Наше истражување на пазарот во Македонија за пронаоѓање на високо квалитетна спирулина

Бидејќи и ние редовно ја користиме спирулината како дел од исхраната, направивме истражување. Од наше искуство, спирулината можеме да ја препорачаме во текот на целата година пред се при анемија, болки во зглобовите, но и при проблем со опаѓање на косата. Оваа супер храна кај нас е достапна во форма на прашок или таблети, а со нашето истражување сакавме да утврдиме која спирулина на нашиот пазар е високо квалитетна и лесно достапна. Од направената анализа на повеќе брендови, заклучивме дека може да ја препорачаме Hawaiian Spirulina која може да ја набавите преку веб продавницата на Trimeks или во аптеките. Hawaiian Spirulina е единствена која е атестирана како природно одгледувана и произведена алга. Единствено Hawaiian Spirulina се суши со патентиран метод на океанско ладно сушење, кој комбиниран со ладното компримирање на таблетите без додатоци на масти и без топлинска обработка и стаклената амбалажа, обезбедуваат супериорен производ.

Доколку ви требаат дополнителни совети за нејзината употреба, слободно пишете ни на info@sezahrana.mk.

Ви предлагаме да прочитате: Hawaiian Spirulina – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!

Сподели: