празничен стрес

9 совети за намалување на празничниот стрес

Празничната сезона може да биде најубавото време во годината. Богати трпези, украсни светилки и блескави елки на секој чекор. Но, обврските, пазарењето и празничните јадења може да предизвикаат стрес. Добрите вести се дека со неколку мали совети може да го намалите стресот многу полесно од колку што мислите.

Ги побаравме најдобрите совети од искусните експерти и ги споделуваме со вас. Тие ќе ви помогнат да бидете среќни, здрави и полни со енергија.

празничен стрес

Подобрете го расположението со дневни прошетки

Дневните прошетки на зимското сонце помагаат во производството на серотонин, познат како хормон на среќата. Ако не сте во можност да излезете, направете го вашиот омилен чај и испијте го покрај прозорецот.

Уживајте во мирисот на цитрусните овошја

Истражувачите во областа на депресијата открија дека некои цитрусни ароми помагаат за подобрување на чувствата и намалување на стресот. Имено, тоа се должи на подигнување на нивото на норадреналин, хормон кој има влијание врз расположението. Земете малку етерично масло од лимон или портокал и ставете неколку капки врз џебно шамиче. Секогаш кога се чувствувате напнати, помирисајте го цитрусниот мирис.

Пешачете секој ден без грижи

Ритамот и повторувањето на прошетките имаат смирувачки ефект врз мозокот, ја намалуваат анксиозноста и го подобруваат сонот. Затоа, пешачете најмалку половина час секој ден – советува Д-р Анн Кулзе.

Намалете го непријатниот празничен стрес со кинески методи

Местото помеѓу палецот и показалецот е познато како хоку точка во традиционалната кинеска медицина. Нежниот притисок за времетраење од 30 секунди може да го намали стресот и напнатоста во горниот дел на телото. Па, ако ви дошло „преку глава“ од празничниот „хаос“, нежно притиснете ја дланката и длабоко дишете.

Смејте се почесто

Смеењето може да ви помогне да го намалите нивото на стрес. Тоа им помага на клетките на имуниот систем да работат подобро – вели психологот Стив Вилсон.

Заборавете на перфекцијата

Престанете да се притискате доколку не можете да постигнете сѐ според плановите. Светот нема да заврши доколку не сте успеале детално да ја исчистите куќата или пак доцните со вечерата неколку минути. Фокусирајте ја вашата енергија на уживање со драгите лица во вашиот живот. Така празниците ќе бидат уште поубави!

Додатоци во исхраната кои помагаат за намалување на стресот

Magnesium Citrate – величествен минерал

Магнезиумот е клучен минерал кој многу луѓе не го добиваат доволно преку исхраната. Тој е од клучно значење за производство на енергија и метаболизмот, мускулната контракција, преносот на нервните импулси и минерализацијата на коските. Тој е задолжителен кофактор за околу 300 ензими. Помага за:

  • правилно функционирање на нервниот систем
  • го намалува стресот
  • го подобрува сонот
  • помага за добро расположение и спокојство
  • нуди поддршка за лица со синдром на хроничен замор – го зголемува енергетското ниво
  • … и не само тоа!
празничен стрес магнезиум

Повеќе информации за Magnesium Citrate прочитајте на веб страницата на Тримекс од каде што може и да го нарачате. Истиот е достапен во форма на таблети и меки капсули.  Исто така може да го најдете во поголемите аптеки, а повеќе информации може да добиете и на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Rhodiola е најдобар природен адаптоген кој ќе ви помогне да се ослободите од стресот

Денес, стресот е една од најприсутните причини за лошо здравје. Rhodiola (Rhodiola rosea) е позната како „златен корен” и моќен адаптоген од непроценлива вредност. Taa e специфична за артичките и алпските региони на Европа, Азија и Америка и долго време се употребувала од многу култури, вклучувајќи ги и Античките Грци. Rhodiola генерално е позната како „адаптоген”, израз кој се однесува на секој причинител кој поседува способност да го поддржи природниот капацитетот на организмот да се прилагоди на менливите услови на живот.

Прочитајте зошто Rhodiola е наречена „златен корен“ кој нуди природна помош при стрес.

Омега -3 масти кои живот значат

Оmega-3 е есенцијална масна киселина неопходна за целокупното здравје и за растот и развојот низ сите фази на животот на човекот. Наречени се есенцијални бидејќи организмот не може да ги создаде самиот и мора да се добијат од храната или додатоците во исхрана. Имаат повеќе полезности за организмот меѓу кои:

  • придонесуваат за добро расположение и ментално здравје
  • против депресија
  • помагаат при недостаток на внимание и концентрација.

Масните киселини добиени од рибини масла треба да бидат молекуларно дестилирани, без холестерол и со гарантирано чисти износи на масни киселини во нивната природна форма. А токму такви се омега-3 на Now Foods. Овие додатоци во исхраната може да ги порачате преку онлајн продавницата на Тримекс, со бесплатна достава до вашиот дом, да ги купите низ аптеките во Македонија или јавете се на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Дознајте повеќе зошто Омега масните киселини се важни здраво срце и силен имунитет.

*Комерцијален текст

Сподели: