Rhodiola – „златен корен“ како природна помош при стрес

Денес, стресот е една од најприсутните причини за лошо здравје. Хроничниот стрес енергетски го исцрпува организмот, предизвикува низа промени. Листата е долга – во хормоналната рамнотежа, ја намалува физичката сила и менталната способност, доведува до емоционална нестабилност, депресија, несоница, растревоженост, слаб имунитет, срцева аритмија, сексуална дисфункција, предвремено стареење, како и до експлозија на хронични болести, инфекции и карцином. А ако барате природен начин да се спротиставите на стресот, вие сте на вистинското место. Во оваа прилика ве запознаваме со Rhodiola, кој е позната како златен корен кој помага против стрес.

Да се остане денес здрав, значи ефективно да му се спротивставиме на стресот или пак да му се прилагодиме.

Rhodiola е најдобар природен адаптоген кој ќе ви помогне да се ослободите од стресот

Rhodiola (Rhodiola rosea) е позната како „златен корен” и моќенадаптоген од непроценлива вредност. Taa e специфична за артичките и алпските региони на Европа, Азија и Америка и долго време се употребувала од многу култури, вклучувајќи ги и Античките Грци. Rhodiola генерално е позната како „адаптоген”, израз кој се однесува на секој причинител кој поседува способност да го поддржи природниот капацитетот на организмот да се прилагоди на менливите услови на живот.

родиола

Придобивки од консумирањето на Rhodiola

Ја подобрува физичката издржливост и опоравување

Rhodiola била главен фактор на физичката, менталната и психичката издржливост на советските астронаути и олимписки шампиони, како и на највисокиот државен врв. Затоа се препорачува за сите оние кои имаат физичка и ментално напорна работа, како и за лица со ниско енергетско ниво.

За подобри ментални перформанси – бистрина на мислите и меморија во подоцнежните години

Консумацијата на Rhodiola ги подобрува интелектуалните способности. Особено е корисна за сите оние кои не сакаат да изгубат дел од менталната способност, која се јавува како последица на стареењето.

Имате промена на расположението, депресија, несоница? – Победете ги со Rhodiola

Еден од условите за квалитетен живот е добриот сон. Но, многумина често патат од несоница. Несоницата е цврсто поврзана со стресот и расположението што доведува до нарушување на квалитетот на животот, работната способност и имунитетот. Rhodiola ги елиминира депресивните симптоми подигајќи го нивото на серотин во мозокот и ја јакне сексуалната енергија.

Rhodiola за живот без стрес и здраво срце

Здравјето и функцијата на срцето се во тесна врска со стресот. Rhodiola штити од болести на кардиоваскуларниот систем, особено кога се зема во комбинација со CoQ10. Се препорачува при кардиоваскуларни болести, аритмија и хипертензија.

Го зајакнува имунитот систем

Стресот не е пријател на имунитетот. Тој има имуно-супресивно делување (го спречува дејството) на T-клетките и клетките-убијци, кои се многу значајни за уништување на канцерогените клетки. Благодарение на нејзините состојки, Rhodiola има имуно стимулирачкото, антиоксидантно и антиканцерогено делување.

Надминете го стресот, кој е еден од причинителите за појава на дијабетес и дебелина

Луѓето кои се под стрес често пати посегнуваат по нездрава храна и пијалаци. Долготрајното изложување на стрес и консумацијата на оваа храна водат до зголемување на телесната тежина, која пак е ризик фактор за појава на дијабетес. Со консумацијата на Rhodiola се намалува стресот, а со тоа се превенираат дебелината и дијабетесот, предизвикани од него.

Аменорејата и неплодноста често се резултат на стрес

Емоционален стрес, болест, орални контрацептиви или прекумерни телесни напори се најчести причини за недостаток на менструален циклус кај жените. Rhodiola може да ви помогне за редовни менструални циклуси и против аменореја.

Повеќе информации за придобивките и употребата на Rhodiola прочитајте на страницата на Тримекс, од каде што може и да ја набавите. Rhodiola може да се најде и во аптеките на Зегин, Еурофарм и Виола. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Ви предлагаме да прочитате: 7 намирници кои го намалуваат стресот на природен начин.

*Комерцијален текст

Сподели: