Природен чај за искашлување

Сте пробале голем број рецепти и лекови, но не сте пронашле нешто што навистина делува? Пробајте го овој природен чај за искашлување од ленено семе и мајчина душица, кој сигурно ќе ви помогне да ја разблажите и исфрлите насобраната слуз од белите дробови.

Кашлањето може да биде предизвикано од вирусна, бактериска инфекција или алергија. Без разлика дали се работи за сува или влажна кашлица, таа е непријатна и го попречува нашиот секојдневен живот. А чаевите се особено корисни поради тоа што го хидрираат организмот и помагаат за подобро искашлување.

чај за искашлување

Ленено семе – ефикасна помош за сува и влажна кашлица

Лененото семе помага во ублажување на болките во грлото и претставува исклучително ефикасен природен лек за подобро отстранување на слузта и кај децата и кај возрасните.

Мајчина душица – природен лек за ублажување на кашлицата

Популарното медитеранско растение мајчина душица долго време се користи во медицината за ублажување на кашлица, бронхитис и сите заболувања поврзани со респираторниот систем. Познато е дека има антибактериско, антимикробно, антифунгално и антиинфламаторно дејство. Без разлика дали станува збор за сува, надразнувачка или влажна кашлица, мајчина душица ќе ви помогне да се ослободите од неа и да ја ублажите непријатната болка во грлото. Затоа, комбинацијата на овие две состојки ќе ви биде од голема корист за полесно да ја исфрлите насобраната слуз во белите дробови.

Состојки:

  • 3 лажици ленено семе
  • 1 лажица сува мајчина душица
  • ½ л вода.

Подготовка:

  1. Во сад ставете 3 лажици ленено семе и прелијте го со половина литар вода. Ставете го садот на оган. Откако ќе зоврие, оставете да се вари околу 10 минути.
  2. Потоа додајте една лажица сува мајчина душица. Исклучете го шпоретот и оставете да отстои во покриен сад околу 20 минути.
  3. Потоа, процедете го чајот. Пијте по една или две голтки неколку пати на ден.

Ви препорачуваме да прочитате: Кога и каков чај треба да пиете?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: