За што е корисен чајот од јаболко и како да го направите

Јаболкото е едно од најомилените на сите генарации. Поради богатството на витамини и минерали кои ги содржи, а особено поради пектинот, ова овошје многу поволно влијае врз здравјето на човекот. Го чисти телото од токсини, ја поддржува цревната микрофлора и го зајакнува имунитетот. Покрај неговата употреба во свежа форма, јаболкото редовно се користи при подготовка на разни пити, колачи и торти и за подготовка на чај. А за што е корисен чајот од јаболко и како да го направите дознајте од текстот во прилог.

Може да ве интересира и: Како да ги чувате јаболката во зима за да ви траат подолго.

За што е корисен чајот од јаболко и како да го направите

За што е корисен чајот од јаболко?

Го зајакнува имунолошкиот систем и е добра превенција против вируси и настинки во студените месеци. Делува и како филтер за бубрезите и го регулира метаболизмот. Многу значајна предност на чајот од јаболко е неговата способност да помогне во процесот на слабеење, но без губење на мускулната маса со топење на вишокот маснотии. А освен со цимет, чајот може да го консумирате и со додаток на ванила, засладен со една лажичка мед.

Како да направите чај од јаболка?

Може да се користи само кората од овошјето, бидејќи ги содржи сите вредни материи кои се потребни, но може да се подготви и од целото овошје. За една дневна доза здрав чај од јаболка за целото семејство потребни се неколку едноставни сотојки:

  • 5-6 јаболка
  • 4 чаши вода
  • прстофат каранфилче
  • прстофат цимет
  • прстофат ванила
  • мед по желба.

Подготовка:

  1. Во сад на оган ставете вода да зорвие. Во меѓувреме јаболката убаво измијте ги и исечкајте ги.
  2. Откако водата ќе зоври, додајте ги сечканите јаболка и каранфилчето и варете околу половина час на тивок оган.
  3. Додајте цимет и ванила и варете уште 10 минути. Потоа, чајот процедете го и засладете го со мед по желба. Може да го послужите додека е топол, а може да го консумирате и како ладен чај.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен овошен чај од јаболко и цимет.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: