домашен чај од јаболко

Домашен овошен чај од јаболко и цимет

Една англиска изрека вели дека ако јадете барем едно јаболко на ден, доктор не ви е потребен! Во оваа изрека има голема вистина. Без разлика дали ќе одберете зелено, црвено или жолто јаболко, телото ќе ви биде благодарно за секое залаче кое што ќе го изедете. Затоа, ви нудиме еден одличен рецепт за чај од јаболко кој ја стимулира стомачната функција, го регулира метаболизмот и ги ублажува болките предизвикани од артритис.

Јаболката се богати со витамин Ц, витамини од групата Б, калциум, калиум, фосфор, магнезиум и цинк. Овој сладок плод содржи и многу антиоксиданси и растителни влакна кои дополнително го засилуваат одбранбениот систем на телото. Земајќи го ова во предвид, слободно може да се каже дека јаболкоto е микс од хранливи состојки кои благопријатно делуваат на целокупното здравје. Па, затоа во студените зимски месеци препуштете му се на овој ароматичен чај и уживајте во прекрасната арома на цимет, јаболко и каранфилче.

домашен чај од јаболко

Состојки:

  • 1/3 шолја листови од црн чај
  • 2 литри вода
  • кафеав шеќер, мед или друг засладувач по вкус
  • 1 јаболко со средна големина
  • каранфилче и цимет по желба.

Подготовка:

  1. Наполнете едно тенџере со 2 литри вода и зовријте ја.
  2. Темелно измијте го јаболкото и исечете го на ситни коцки. Притоа не ја лупете лушпата.
  3. Додајте ги парчињата јаболка во врелата вода и варете ги околу 5 -7 минути.
  4. На крај додајте ги листовите црн чај, малку каранфилче и цимет, и варете уште дополнителни 5-10 минути.
  5. Вака подготвениот чај процедете го низ цедалка, а потоа засладете го со мед или друг засладувач по вкус.
  6. Чајот послужете го гарниран со парчиња јаболко. Варениот чај од јаболко и цимет може да се чува во фрижидер до 3 дена.

Напомена: Овој чај треба да го избегуваат бремени жени и доилки, како и лица кои се алергични на јаболка. Додека пак лица кои користат одредени лекови или патат од некои заболувања треба да се консултираат со својот доктор пред да го употребат.

Ви препорачуваме да прочитате: Ароматичен коктел со бело вино и јаболко.

Сподели: