Имате 1-2 минути слободно време? – Ако одговоривте со „Да“ продолжете со читање и направете супер вкусен, кремаст карамела ликер. Само 3 состојки и 2 минути ве делат од летното супер освежување.

Популарните белгиски вафли на многумина им се омилен појадок благодарение на тоа што имаат крцкава и мека кора, а воздушеста внатрешност. Совршено одговараат со различни слатки преливи, мед, мармалад, џем, чоколадо, парчиња свежо или замрзнато овошје. Во комбинација со вашиот омилен мармалад и чаша кафе или чај ќе добиете вистински деликатес на кој никој не може да му одолее. Со овој рецепт сигурни сме дека со нетрпение ќе чекате да се разбудите и да појадувате!
Познато е дека компирот се користи за приготвување на голем број јадења. Има посебно место во исхраната затоа што е здрава намирница, а покрај тоа може да се користи и за разубавување на кожата. Ако имате лузни на лицето или пак брчки, искористете некој од нашите 7 домашни третмани за нега на лице со компир.
Сигурно сте слушнале за големите придобивки од консумацијата на мед, но комбинацијата со ореви е прав избор за здравјето. Оревите изобилуваат со хранливи состојки, а заедно со медот се добива енергетска „бомба“ која често се користи како народен лек при анемија, покачен крвен притисок и чир на желудникот. Па, во комбинација, овие две намирници го снабдуваат организмот со речиси сите потребни витамини и минерали. Затоа, народот со векови ги употребува во народната медицина за правење на многу домашни лекови од мед со ореви.
Јаболковата киселина е совршен додаток на речиси секоја салата, а нутриционистите често ја препорачуваат за детоксикација. Последните трендови за нега на косата и кожата ги препорачуваат природните козметички средства кои често пати во својот состав содржат јаболкова киселина. А за да ги искористите нејзините придобивки за нега на косата не мора да купувате скапи шампони, регенератори или спреови за коса. Пробајте ги домашните третмани за нега на косата со јаболкова киселина!
Сите ние знаеме колку е цвеклото здрава и благородна намирница, но за жал малку е застапена на нашите трпези. Многу луѓе не го обожаваат неговиот специфичен вкус и целосно го исклучуваат од исхраната, а со тоа си ги ускратуваат сите благодети кои ни ги нуди. Но, новите зачини на Витаминка се тука да направат кулинарска магија и да ве мотивираат почесто да консумирате цвекло. Посетете го најблискиот маркет и набавете морска сол, црн бибер, ароматично оригано и Брилијант омега 3, а потоа препуштете се на кулинарската авантура. Направете крцкав чипс од цвекло и уживајте во есенските денови!
Ако и вие како нашата уредничка Катерина сте љубители на домашна вкусна храна, подготвена од состојки по ваш избор, пробајте го нејзниот рецепт за мешан мармалад без конзерванси, кој беше објавен и во последниот број на списанието Добра Храна. За да звучи и да е уште подобро, ни го приготви со кафеав шеќер. Супер за целото семејство!
До неодамна аронијата не беше позната на нашиве простори и скоро и да не се користеше во исхраната, но денес таа е се поприсутна. Аронијата не само што е извор на добро здравје, туку таа е многу вкусен бобинкаст плод од кој може да се направат сокови, џемови, мармалади, па дури и ликер. А дали сте пробале ликер од аронија? Ви претставуваме еден интересен рецепт за домашен, ароматичен ликер од овој дар на природата.