Домашен посен намаз – хумус без таан

Хранлив, посен и богат со протеини! Хумусот е традиционално јадење од Блискиот Исток, во кое главна состојка е наутот, а најчесто се служи во вид на традиционално припремени фалафел ќофтиња. Има специфичен, богат вкус, мазна текстура и е еден од најздравите намази. Се приготвува многу брзо, а може да се складира во фрижидер со денови, па кога и да сакате здраво мезе или лесен оброк, ќе ви биде на дофат. Тостирате лепчиња, сечкате домати и заедно со веќе готовиот домашен хумус, добивате брз и здрав оброк.

Традиционално, хумусот се подготвува со наут, лимонов сок, таан, маслиново масло и лук. Нашиот рецепт за домашен намаз се прави без таан и е збогатен со ладно цедено масло од сусам од нашите пријатели Фила.

Домашен посен намаз – хумус без таан

Состојки:

Подготовка:

  1. Наутот извадете го од конзервата и исцедете го.
  2. Во блендер или во сечко ставете ги сите состојки и блендирајте, додека добиете мазна и кремаста смеса.
  3. Ако смесата е премногу густа, додајте уште 1 лажица вода, и повторно изблендирајте за состојките да се изедначат.
  4. Добиениот намаз сервирајте го во чинии по желба и прелијте го со малку маслиново масло. Декорирајте и послужете. На здравје!
Домашен посен намаз – хумус без таан

Како се добива и за што е корисно ладно цеденото масло од сусам?

Маслото од сусам е растително масло кое се добива со пресување на сусамовото семе при што се добива светло- жолто масло, богато со здрави, незаситени масни киселини вклучувајќи ги и линолова, палмитинска, олеинска и стеаринска киселина. Ладно цеденото масло од сусам е богато со витамини (А, Б и Е), калциум, магнезиум, бакар, растителни влакна и протеини. Одлично е за сите вегетаријанци, како и за оние кои сакаат да се хранат здраво и да го намалат вишокот килограми, па ако уште не сте пробале, топло ви препорачуваме да го пробате. А, ако сакате да си набавите, ладно цеденото масло од сусам е достапно и може да го набавите од поголемите и подобро снабдени маркети или да го нарачате од онлајн продавницата на нашите пријатели Фила.

хумус без таан

Сусамовото масло се користи и како лековито масло илјадници години наназад, па ви препорачуваме да прочитате: Употреба на ладно цеденото сусамово масло како лек и 10 негови здравствени придобивки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е поддржан од Фила.

Сподели: