Кулинарски да патуваме, истражуваме и да ги дегустираме највкусните јадења од светот! Разгледувајќи низ интернет сретнав неколку фотографии од италијанска салата со макарони и зеленчук. Интересно е што се комбинира со зеленчуци, па реков да направам посна верзија и да го дегустираме овој рецепт.
Шарена, вкусна и едноставна за подготовка! Оброк салата која можеш да ја понесеш на работа, училиште или излет. Секој може да направи своја варијација и да ја прилагоди по вкус. Снимив и видео од подготовката, кое може да го погледнеш надолу во текстот.

Состојки:
- ½ марула
- 100 г макарони
- 100 г посен кашкавал – Vegan Natura од Млекара Тетово
- ½ краставица
- 1 домат
- 100 маслинки
- 1 чаша замрзната пченка
- Оригано и сол по вкус.
За сос:
- Посен мајонез
- Течност од кисели краставички
- Оригано.

Подготовка:
- Макароните сварете ги според упатството. Изцедете ги и оставете ги да се изладат.
- Пченката сварете ја и оставете ја да се излади.
- Марулката исечкајте ја. Краставицата пресечејте ја на половина, а потоа исечете ја на листови. Доматите исечакајте ги на коцки.
- Во голема чинија ставете ја марулата, додајте ги макароните, посниот кашкавал и зеленчуците. Зачинете со оригано и сол по вкус. Измешајте ја.
- Во мала длабок чинија ставете мајонез. Додајте течност од кисели краставички и измешајте за да се добие течен сос. Додајте оригано и сервирајте го сосот со салатата. На здравје!
Совети плус:
- За подготовката користите мали макарони во различни форми.
- Ако не постите, ставете крајви или мешан кашкавал од Млекара Тетово. Во сосот, течноста од киселите краставичи заменете ја со јогурт.
- Разгледај ги профилите на Млекара Тетово на Facebook и Instagram и дознај повеќе рецепти.

И за крај, ако ти се допадна овој рецепт и сакаш да погледнеш повеќе посни рецепти, посети ги моите профили и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Може да те интересира: Брза посна салата со макарони и златна мешавина.
*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.
