Похувани шницли во рерна

Едноставен рецепт за похувани шницли во рерна

Што да се зготви за ручек или вечера? Да биде брзо, вкусно и да му се допадне на сите? – Си ги поставуваш ли овие прашања? Имаме супер предлог! Направи похувани шницли во рерна.  

Некогаш имаме време да зготвиме вкусни специјалитети и да поминиме повеќе време во кујната. А некогаш времето е кратко, па затоа секогаш при рака треба да ги имаме овие брзи рецепти со кои за 1 час ручекот или вечерата ќе бидат комплетно направени. Наш предлог: супа, салата и печени похувани шницли кои ќе им се допадат и на најпребриливите! 

похувани шницли во рерна

Состојки:

Подготовка:

  1. Свинските шницли посолете ги и зачинете ги со мелен црн пипер.
  2. Јајцата изматете ги во чинија. 
  3. Во две различни чинии ставете ги брашното и лебните трошки. 
  4. Секоја шницла ставете ја прво во чинијата со брашно и набрашнете ја од двете страни. Потоа ставете ја во садот со изматените јајца. На крај добро обложете ја со лебни трошки. 
  5. Во тавата ставете хартија за печење и премачкајте со масло. 
  6. Наредете ги панираните шницли, а потоа повторно премачкајте или попрскајте ги со масло.
  7. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени за време од 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете околу 30 до 35 минути, додека месото порумени. За време на печењето превртете ги шницлите еднаш до два пати. Послужете со салата или помфрит по желба. На здравје!

Совети плус:

  • За подготовката користи свежо свинско месо. Наша препорака се Агриа, чие домашно месо може да го најдеш во нивните месарници во Битола, Велес и Штип, како и во Рамстор и Тинекс маркетите. Секогаш свежо, секогаш со врвен квалитет!
  • Шницлите треба да бидат со дебелина околу 5 мм. Ако се подебели ќе биде потребно подолго да се печат.
Шницли Агриа

Може да те интересира: 7 совети за најдобри шницли со крцкава кора, а меко месо внатре.

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: