Микс од овошје или зеленчук во чаша е одлична идеја за здрав почеток на денот! А, ако сте во потрага по хранливо, вкусно и здраво освежување, ова смути од банана е вистинскиот избор за вас! Ќе го направите многу брзо и лесно, а ќе ви бидат потребни само неколку состојки.
Јапонски јаболка – храна на боговите! Ова егзотично овошје кое оригинално потекува од Кина, е богато со многу хранливи материи, витамини, минерали и антиоксиданси. Во текот на секоја сезона од созревањето, овошките може да го менуваат обликот. Исто така, варираат со големина од 50 до 500 грама. Бојата на овошјето може да биде од светло жолта до темно портокалова. Се јаде цела овошка, освен семките и стебленцето. Се препорачува да се јаде свежо, но може да се направи и домашен сок од јапонски јаболка, компот или слатко. А во азиската кујна, многу често се консумира и во сушена форма како додаток на колачи и ориз.
„Јаболко, цимет и банана – популарна есенска комбинација која го зајакнува имунитетот и ќе ви даде енергија за цел ден! Предизвикот за подготовка на оброк кој го зајакнува имунитетот ми го дадоа списанието Убавина и здравје, па овој супер здрав рецепт може да го најдете и во ноемврискиот број. Есенското смути со јаболко и цимет е хранливо, богато со растителни влакна, витамини и минерали и се препорчува за вегани, лица кои практикуваат исхрана без шеќер и без глутен, како и за време на пости.“ – вели Марија Кочовска, фудблогер и уредник на нашиот сајт.
„Сте пробале ли камиказе коктел? Името доаѓа од јапонскиот збор 神風 што во превод значи божествен ветер. Овежителен е, со цитрусна арома, а кога станува збор за количината на алкохол би го вклопила во групата на средно јаки коктели. Ги обожавам коктелите кои се приготвуваат со само 3-4 состојки, а овој е еден од нив. А уште подобро е што камиказе се прави со еднакви количини вотка, трипл сек и сок од лимета. Направете го и уживајте!“ – вели Марија, фудблогер и уредник на нашиот сајт.
Кремасто и освежително, тропско и екстра хранливо! Направи здрав избор и започни го денот со смути со спирулина и банана. Дава енергија и освежува, а тоа може да го потвриме ние. Често е наш тимски оброк, па така се роди идејата да направиме кратко видео од подготовката.
„Се дружиме, споделуваме рецепти и ги испробуваме. Групата Се за храна на Facebook е кулинарско катче кое е моја инспирација за најубавите, домашни рецепти. Идејата за овој рецепт за домашен сок од портокали е токму од таа група. Го сподели Сим Атанасовска, а мене многу ми се допадна и решив да го испробам веднаш.
Летото ни носи топли и сончеви денови кои се идеални за ладни и освежителни пијалоци! Замислете си само, пријатна атмосфера, дружба со вашите најблиски пријатели и чаша одлично подготвен освежителен коктел со праски. Звучи одлично, нели? А ако сакате да ги послужите и најмалите во семејството, коктелот направете го без алкохол. Сигурни сме дека ќе го обожаваат.
Се разбира, во пролет и лето пиеме повеќе вода поради повисоките температури. Но, понекогаш сите знаеме да си направиме лимонада или пак друг освежителен пијалак со вода и разни овошја. Во топлите денови сакате да се освежите и разладите? – Пробајте еден од овие напитоци со овошје.
Сте пробале голем број рецепти и лекови, но не сте пронашле нешто што навистина делува? Пробајте го овој природен чај за искашлување од ленено семе и мајчина душица, кој сигурно ќе ви помогне да ја разблажите и исфрлите насобраната слуз од белите дробови.
Добар филм, пријатна домашна атмосфера и вкусно топло чоколадо за совршен зимски ден! Топлото чоколадо е еден од најпопуларните зимски задоволства на сите генерации. Има неодолив вкус, а неговата подготовка е едноставна и секој може да го направи. За максимално уживање во ладните денови ви предлагаме одличен рецепт за супер вкусно топло бело чоколадо. Опуштете се и почуствувајте ја магијата на совршениот спој на вкусови.
Летото е на прагот, а ние копнееме по свежи и зелени оброци! Од таму ни е и идејата да направиме освежително смути со спирулина. Го споделуваме со вас токму затоа што е нутритивно богато и е лесно за подготовка. Совршен рецепт за сите вегани и оние кои постат или се на диета. Се надеваме дека ќе ви се допадне, а ако го пробате тагитајте ја @sezahrana.mk!
Имаме супер рецепт за пролетно смути со банана и малини! Направено со кокосово млеко за уште подобро уживање и дополнителна количина на витамини и минерали. Здрав избор за почеток на денот, без шеќер, веган (посно) и без глутен. Пробајте го во првата прилика.
Започнете го утрото полни со енергија! Направете си брзо протеинско смути со путер од јаткасти плодови и спремете се за убав старт на денот. Состојките во неговиот состав ќе ви овозможат енергија и да се чувствувате силно. Ќе ви годи што полесно ќе ги извршувате обврските, а вкусот пак, ќе ве натера да го подготвувате секој ден.
Сакате да ги намалите или спречите здравствените проблеми? – На вистинското место сте! За вас имаме еден специјален рецепт за чај од куркума и цимет кој го штити целиот организам. Го нарековме чудесен чај! А, еве и како да си го направите.
Оваа зима постојано изненадува со наглите температурни промени. Промената на времето помага за полесно ширење и преживување на бактериите и вирусите кои предизвикуваат настинки и грип. Ако овие денови ве боли грлото, пробајте го овој чај од цимет. Ќе ви биде од голема помош и ќе ви ги олесни болките во грлото.